Министерката Тренчевска на средба со битолските пензионери
Јуни 27, 2022
Пензионерите се една од нашите приоритетни целни групи, тоа се наши сограѓани за кои креираме политики со кои сакаме да им го подобриме квалитетот на животот, рече за средбата во Битола со Здружението на пензионери, министерката за труд и социјална политика Тренчевска.
„Затоа ги организираме овие средби со здруженијата на пензионери за да разговараме за проблемите со кои што се соочуваат, за да ги изнесеме наштите предлози за политики кои што навистина секогаш кога ги креираме, сакаме да ги креираме во консултација и дијалог со оние за кои што тие политики се наменети“ рече министерката Јованка Тренчевска.
Со членовите, со претседателката Даница Петличкова на разговор за повеќе теми важни за пензионерите.
„За она што е направено досега, за она што како влада ќе правиме понатаму, низ еден дијалог да направиме пензионерите да имаат еден достоен живот“ вели таа.
Со помошта по 1000 денари за три месеци или вкупно 3000 денари како помош во актуелната економска и енергетска криза и зголемувањето на пензионерите, ја прашавме министерката дали пензионерите со тоа се задоволни.
„Видете и да дадеме покачување на пензиите и 50 посто и 100 посто, можеби и тогаш ќе има пензионери кои што ќе кажат дека не е доволно. Покачувањето на пензијата, всушност новата методологија ја донесовме во дијалог со Сојузот на пензионерите, со претседателката на Сојузот и сите останати членови од општинските организации на пензионерите. На неколку пати се среќававме, водевме дијалог и дојдовме до решението кое што е прифатливо за двете страни. Методологијата гарантира дека ќе имаме постојан раст на пензиите. Како влада и јас како министер за труд и социјална политика сакаме да носиме системски, а не ад хок решенија кои што се повеќе популистички, отколку трајно решавање на одреден проблем. И затоа новата методологија гарантира постојан раст на пензиите, усогласување на пензиите со порастот на трошоците на живот, со растот на инфлацијата и порастот на просечната плата. Во септември и во март со исплатата на пензиите, секоја година, пензионерите ќе ги усогласуваат своите пензии согласно оваа методологија. Ова значи дека во месец септември, односно на крајот од месец септември, затоа што со започнувањето на ковид кризата, пензиите ги исплаќаме предвреме, со исплатата на пензијата на крајот на септември, пензионерите ќе добијат навистина добро усогласување и покачување на пензијата, некаде сигурно ќе биде 9 или 10 проценти, затоа што и инфлацијата отиде повеќе од тоа што беше проектирано и просечната плата е 31.554 денари, што значи тој просек, просекот од инфлацијата ќе се зема и пензионерите навистина ќе имаат убаво покачување на пензијата, а исто така и во март ќе биде со оглед на тоа дека инфлацијата нема да ја стопираме веднаш, туку таа нема да оди нагоре, но тој процент повторно ќе се задржи и платите постојано растат и во март месец ќе имаат покачување кое што ќе биде дополнителен приход во секое семејство каде што има пензионери и приход кој што ќе им овозможи барем малку да ги ублажат последиците од ценовните шкови и енергетската криза“ вели Тренчевска.
Дополнително вели таа, трите месеци по 1000 денари кои ги добиваат пензиоенрите им помогнаа, можеби се малку, но додава дека треба да се има во предвид дека имаме 330 илајди пензиоенри и дека таа сума на годишно ниво е многу висока за постојано да има вакви мерки. Тоа беше мерка предложена од пензиоенрите, а владата ја прифати за трите месеци помош по 1000 денари.
Министерката рече дека ќе се креира нов пакет на антикризни мерки од септември за да може да им се помогне на најранливите категории на граѓани. Рече дека верува оти за најранливата категорија на пензионери ќе има повторно некакви мерки.