2win800x200

ЗАБАВА ЗА ПЛАНИРАЊЕ – РЕВИЗИОНИРАЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПАТУВАЊЕ (пишува Ана Салтирова Давидовски)

Мај 27, 2025
пишува Ана Салтирова Давидовски) пишува Ана Салтирова Давидовски)

(пишува Ана Салтирова Давидовски -  автор, NLP тренер и coach, тренер за личен развој, искусен HR професионалец)

 

Посветено планираме одмор, службено патување, па дури и викенд. А што е со родителското патување?

Дали правиме простор да се запрашаме: Како се појавувам во моето родителување?
И дали тоа одговара на „сезоната“ во која е моето дете – или е баждарено на очекувањата на комшиите, предците и „другарките“?

Како некој кој работи повеќе од 20+ години во HR светот, сакам кога моите деца ќе се појават на работа да бидат спремни и да продолжат да се забавуваат и да си играат и во светот на ГОЛЕМИТЕ, да ја вложат својата (из)вонредност и да дадат вредност во… а не да бидат етикетирани како депилатори на нерви (сите ги знаеме и ги имаме во окружувањето, ако некаде ги нема нека се пријави тој/таа би сакала да дојдам и јас).

Родителот (не) се раѓа исто како што и лидерот не се раѓа, потребни се вештини да се водат луѓе независно дали се мали или ГОЛЕМИ и независно каде тоа се прави, во (не)формалното опкружување.

Погледни го Клубот на родители како можност да се дружиш со луѓе слични на тебе кои одлучуваат да го понесат своето тешко денес и да направат свесен избор за своите вештини за да бидат поддршка за своите деца. Она што сите го кажуваат е дека сè е фаза и дека ќе помине, но и дека нова ќе дојде, е тоа никој не го кажува, тоа сами го сфаќаме. Исто како што и игрицата е потешка на следното ниво, таа аналогија ја гледам и во моето родителско патување т.е. секоја следна сезона од родителувањето е потешка — кажа мајката на детето кое е киднапирано од хормоните (народно познато како пубертет), АКО не се спремиме за неа. АКО не ги стегнеме родителските мускули. Е тука сакам да искористам друга аналогија со физичкото вежбање — кога прв пат ќе направиме склек тоа е пеколно тешко (иако мала е и веројатноста да сме го направиле како треба) И по некое време на редовно вежбање можеме тоа да го повториме повеќе пати и тоа успешно со леснотија. ПРИЧИНА — склекот е склек не станал ни потежок ни полесен ние сме станале посилни. Тоа е она што ни е потребно и во родителското патување, да станеме посилни и да се справиме полесно/повешто и да бидеме пример од кој ќе учат нашите деца како треба да се справуваат со…

Скромното ветување е дека никогаш веќе нема да ви (с)нема апликативни идеи што ќе носат кон друг тек на/во/за… затоа на сите ни треба емотивно ментален фитнес во родителувањето за да се појавиме во најдоброто светло пред нашите најмили, да бидеме моделот кој сакаме да го видиме кај нив, да бидеме примерот, да бидеме светлото кое го покажува патот.

А затоа што сакаме тие да си забавуваат кога ќе пораснат исто како што тоа денес го прават и ние во Клубот за родители почнавме со забава за планирање на родителското патување со која доаѓа и подарок недатумиран Планер за СРЕЌНИ родители. Следната ваква забава е закажана за 02 јуни и те очекуваме и тебе.

Месец мај е и роденднески месец, клубот го слави својот прв роденден, а сите кои ќе влезат до крај на мај стануваат членови основа и си ја замрзнуваат цената на најниската досега.

Се гледаме од другата страна?

Има и дарување https://www.instagram.com/

Ана Салтирова Давидовски е автор, NLP тренер и coach, тренер за личен и организациски развој, искусен HR професионалец кој од 2005 година расте и твори во HR светот и активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Исто така, ја покрена и Kампањата #ЛиченИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода, во која креира материјали за личен развој, како и материјали за родители/деца (за поддршка на родителите во подготовка на децата за светот на големите, погледни го #КЛУБзаРОДИТЕЛИ и #NLPзаДЕЦА). Во склоп на оваа кампања е и интерактивната книга #Благодарам која во првата година се најде на листата на 20 најпродавани книги преку КупиКнига.мк, а третото издание е со фонтот на дислексија под мотото Секој може!, книгата „50+ идеи за #Благодарам“, исто така, свое место заземаат и: игрите и картите #Благодарам, играта и картите #КакоМОЖЕ, недатумираните планери, односно „Годишен планер ЗА…“ и „Планер за СРЕЌНИ родители“, кои се поддршка во развојот на посакуваните навики/вештини, како и други материјали (повеќе на www.AnaSaltirova.mk).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани