2win800x200

На 6 март се отвора пензионерски клуб во Битола

Февруари 26, 2020

Здружението на пензионери од Битола потпиша меморандум за соработка со Здружението на пензионери од Ѓорче Петров.           Повелбата и документите за востановување на соработка ги потпишаа претседателите Томе Димитровски од Битола и Војо Ристевски од Ѓорче Петров. Во битолската општина има 19 000 пензионери, а во општина Ѓорче Петров 9000, кои низ донесената програма ќе се обидат поуспешно да соработуваат на повеќе полиња за нивните пензионерски денови да минуваат што подобро.пппп

Денес во Здружението на пензионери се одржа и седница на Извршниот одбор на која беше расправано за некои актуелни прашања за пензионерите од Битола. Истовремено седница под претседателство на Крсте Белевски одржа и собранието. Беше објавено дека на 6 март ќе биде ставен во употреба првиот пензионерски клуб во Битола кој се наоѓа на призњемјето од зградата каде се наоѓа Здружението на пензионери. Ќе се користи за дружење и разонода на пензионерите.пп11

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани