ЌЕ ИМА ЛИ ОСВЕСТУВАЊЕ?

Јули 05, 2020

Пишува: д-р Александар Литовски

 

Како израз на класната антагонистичка суштина на општеството, како резултат на долготрајниот притисок на неолибералното владеење со страв и закани кон тоталитетот на животот, на повидок е или уништување или, во подобрата варијанта, унифицирање на човештвото. Неолибералната измама дека во капитализмот „сите се богати, среќни и задоволни“ е, само, излитена флоскула, која ниту функционирала, ниту некогаш ќе може да функционира. На секого што не е тотално глуп или слеп, му е јасно е дека само еден сосема мал процент од човештвото е апсолутно богат, среќен и задоволен, оти ја има привилегијата да располага со луѓето и сето природно богатство на Земјата.Да, таков е светот: суров и безмилосен.Во сеопштото влаадеење на профитот, јасно е дека се заматила човековата памет до канибалското сознание оти е нужно луѓето да јадат луѓе. Веќе јавно се проповеда оти животот е трка по профит, па за него вреди дури и милиони да се разболуваат и умираат или да се убиваатНавистина, како тоа луѓето денес се претворија во егоистични, молчаливи, подли и грди изроди?Во чудовишта?

Бацилот на сета таа збрка е во тоа што животот воопшто, „животот како таков“, е претворен,или во безглава борба за профит, или во волчка борба за преживување. Како да се наоѓаме во „еден свет на мртовци“ каде бескрајната поворка одколи... возат мртовци“, за кој пеел големиот Хусто Хорхе Падрон во својата песна „Лудило“. Пандемијата од корана-вирусот ни покажа дека смртта царува во светот, а дека властодршците единствено се грижат како да продолжи да се создава профит за капиталистите. Смртта сите ја гледаме со сопствените очи како редум коси околу нас, а совеста на мнозинството е нема и молчи за масовните губилишта. Затоа, прашањата кои логично се поставуват се: Дали се движиме кон целосно рационализиран класен систем кој ги уништува природата и Човекот? Дали иднината е во државен капитализам со тотална социјална колективизација? Дали индивидуалниот идентитет ќе биде скоро целосно избришан и дали секој поединец ќе биде безусловно подреден на функционирањето на производството и создавањето профит? Дали поединецот ќе се претвори во некаков безмозочен и бесовесен автоматизиран и програмиран идентитет? Дали стабилноста на државниот капитализам ќе биде врвната цел која не смее да се доведува под прашање? Дали човештвото, беспоговорно и мирно, ќе го прифати овој буржоаски тоталитаризам? Дали луѓето ќе се согласат да живеат како робови? И што е тогаш разликата со, на пример, германскиот фашизам кој се темелеше врз „државниот капитализам“ и тоталитарната држава?

Се дробат човечките души во современите наши рудници на совеста, додека низ светот масовните гробници се прелеваат со вар, а реките, морињата и океаните ги голтаат човечките трупови. Амазонските шуми се палат за и понатаму да се размножува капиталот, а Големиот Фармер во својата победоносна поза се кикоти од задоволство заради „конечната победа“ на неолиберализмот и „крајот на историјата“. Не, моментално нема, скоро, ниту едно место во светот, каде не беснее триумфализмот на корпоративизмот и пазарниот фундаментализам.Сета светска,организационо фрагментарана и идеолошки дезориентирана опозиција на „Империјата на злото“, бара алтернативна идеја која ќе се спротистави на глобализмот и пазарниот фундаментализам.

Ќе има ли освестување?! Бунт?! Револуција? Правда и праведност?! Здравје и достоинство за сите?!Ќе успее ли човештвото сите мисли на секој човек да бидат насочени кон вербата на целосна победа на самиот Човек? Дали луѓето можат да веруваат дека во времето што доаѓа на светската сцена стапува Човек? Ќе може ли да победиЧовекот меѓу луѓето? Станува јасно: мракот на патот кон свет без пандемии, омраза и војни треба да се осветли, па луѓето да се освестат и да осознаат дека овој неправеден и злосторнички свет треба да се сруши и да се изгради нов. Едно е сигурно: без хуманизмот, без социјалистичката профилаксија на општествениот живот,светот, сè повеќе, ќе се претвораво мрачна и тешка зона на самракот во која мртвите ќе бидат посреќни од живите.

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани