Webp.net gifmaker

МИ ДОАЃА ДА ВРЕСКАМ? КОЈ Е КРИВ?

Мај 08, 2018

Кога ви доаѓа да врескате, кога сите ифтири ќе ги фрлите на оној другиот кој ,,ви направил нешто,,, на оној со кој никако неможете да се договорите, а морате, пример, партнери, деца, роднини, колеги, шефови, газди, пријатели итн. , прашајте се дали имате тенденција секогаш вашето да е правилно - нивното погрешно?

 

Ако одговорот е „да“, објаснете ми како знаете дека сте во право?

...... Ве слушам и ви велам дека навистина вашето е правилно. Полесно ви е? Што добивте со тоа? Го решивте проблемот, го подобривте односот? Или ќе чекате да признаат дека сте биле во право, па да се смирите?

Кога ви доаѓа да врескате на некого прво размислете ЗОШТО тој некој е во ваша близина. Нели тоа е ваш избор? Или сте го вработиле, или сте избрале да биде ваш партнер, или децата кои сте сакале да ги имате, а сега ви се најголем проблем затоа што ништо не ве слушаат. Тие не се тука да ве изнервираат и разочараат, тие се тука да ви покажат каде сакате да бидете И КОИ САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ВИЕ!

Многумина би рекле: „хххххмммммм.....глупости“. И е глупост за оне што не ги поминале перцептуалните позиции. Се сеќавате на некоја ситуација и тренерот ве води низ етапи во кои Вие се гледате себеси, па влегувате во чевлите на другиот и повторно се гледате себе само од другата страна, додека чувствувате како му е на другиот со Вас, па од неутрално ниво двете засегнати страни.

Со една година работно искуство како професионален коуч Ви тврдам дека луѓето се распаѓаат при оваа вежба. И тоа никогаш не се однесува на она што другата страна го прави во тој однос, туку на она какви сме ние. Поентата е освестувајќи се себе да промениме однесување кое не го сакаме кај себе, а при тоа да влеземе во чевлите на другиот и да почувствуваме како му е на тој некој во наша близина.

Перцептуалните позиции мене ми помогнаа да го подобрам мојот однос со мојата постара ќерка тинејџерка на која ѝ викав, мислам дека понекогаш врескав. ,,Влегувајќи,, во перцептуалните три позиции од вежбата излегов нова и за почеток разочарана од себе. И иако мојата намера била добра, не значи дека тоа оправдува сѐ. Запознавајќи се себеси во една мегусебна релација со луѓето кои ни се важни и кои го осмислуваат нашиот живот, го освестуваме и тоа какви сакаме да сме за нив и на кој начин да го подобриме својот однос. Понекогаш клиентите кои доаѓаат на индивидуална сесија преку оваа вежба добиваат нов увид за тоа кои сакаат тие да бидат во таа меѓусебна релација, а не се. Тоа ни дава можност да живееме поинаку, растеме и кога е завршен нашиот физички раст, останеме смирени и кога ни се вреска, чувствуваме, љубиме и го даваме тоа од себе наместо фрустрацијата, бесот и лутината. И верувајте тоа почнува да се ви се враќа дупло. А ЗА ТОА ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ И ДА СЕ БИДЕ ГОРД НА СЕБЕ!

И никој не вели дека е лесно, но не е невозможно. Прашајте се пред да реагирате: Што ви е поважно: Да бидете во право или да бидете во мир со себе?

Пишува,

М-р Билјана Галовска професионален коуч и НЛП практикант (инфо разговор на 072/252-603 или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани