2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Патот помеѓу проблемот и решението се нарекува предизвик

Април 27, 2018

Ме иритираше пристапот во некои мотивациски видеа во кои се кажуваше дека не постојат проблеми, дека животот има контрасти, дека тоа се нарекуваат предизвици. Не прифаќав, постојано чувствував отпор и тоа не резонираше со мене. Животот е една голема авантура во која начинот на кој ти пристапуваш на нештата е навистина многу важен, но и се што постои во него не може баш секогаш да се нарече предизвик.

Еден период пробав да направам замена на поимот ,,проблем“ со поимот ,,предизвик“. Колку повеќе избегнував да го нарекувам проблемот со неговото вистинско име толку тој ми висеше над глава. Ми стана напорно и се откажав. Во тој момент незнејќи го направив првиот чекор. Прифатив дека проблемот постои. Го разгледував од сите страни понекогаш дури и ќе го напишев на хартија. Додека гледав во него, ќе замислев за мене успешна личност и ќе помислев што таа би направила или како би постапила доколку би го имала истиот. На тој начин добивав нови увиди и перспективи, се отвараа нови патишта. Често имав чувство дека не можам ништо да променам, па оставав ,,проблемот“ да се одмори од мене. Тогаш се појавуваше решението само.

Постепено научив додека се држиме цврсто за нешто и тоа ни изгледа нерешливо цел наш фокус е усмерен на загриженоста, што значи дека го одлагаме решението. За оние што не можат да разберат, да појаснам. Кога целото внимание и енергија ти е насочена кон нешто што ти претставува потешкотија ти добиваш повеќе „слепи улици“ во врска со тоа. Зошто? Затоа што вниманието креира. Кога ќе те понесе вртлогот на негативна енергија ништо позитивно нема да дојде.31250654 10213114285104894 3257247521625341952 n

На НЛП институтот во Белград конечно разбрав дека проблемот е проблем и тоа е нешто што за нас постои реално. Скоро секогаш знаеме што сакаме и што немаме, наместо тоа што сега го имаме, а не го сакаме или го земаме здраво за готово. Таму е решението. Кога фокусот ќе го насочиме од проблемот кон решението тогаш јасно го гледаме предизвикот. Тој е дистанцата меѓу точка А и точка Б. Некогаш полесно некогаш потешко, но да издржиш на тој пат има само еден рецепт, а на него пишува - секогаш стани и кога ќе паднеш и никогаш не се врти назад ако причината за тоа не е само лекцијата која треба да ја земеш од минатото.

Пишува,

М-р Билјана Галовска,  професионален коуч и НЛП практикант

Доколку сте заинтересирани да работите на себе закажете го вашиот инфо разговор на

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 072/252-603

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани