2win800x200

Порибувањето се реализираше со неколку илјади единки од видот крап со просечна маса од 50-800 грама согласно Риболовната основа, договорот за концесија и одобрениот Годишен план за 2022 година. Локација на порибувањето беше во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.

„Чинот на порибување подразбира набавка на специфициран порибителен материјал, негов транспорт во адекватни контролирани услови од репроцентарот до предвидената локација и безбедно испуштање во риболовната вода. На денешниот настан присуствуваа сите релевантни субјекти кои успешно се координираа и се грижеа за регуларноста на порибувањето, како и претставници на медиумите, риболовните здруженија и граѓани. Стрежево повторно ја потврди својата заложба, одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина. Континуитетот на вложувањата во зачувувањето, управувањето, заштитата и обновувањето на рибниот фонд несомнено директно имплицираат врз подобрувањето на условите за вршење на риболов за сите риболовци“, соопштија од ЈП „Стрежево“. 
286450085 1140537613183080 3354374928159389979 n
286304085 1140538226516352 366296063362327700 n

Вработените од ЈП "Стрежево" - Битола го одбележувaa Светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила. Акцијата се спроведе во соработка со Здружението „Go Green“.

Од утре, 11 јуни, четврток, ќе се врши санација на пристапните патишта до акумулацијата „Стрежево“. Ќе се санира главниот пристапен пат (од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера - Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација „Стрежево“) и помошниот пристапен пат (од вливот на река Шемница во акумулацијата „Стрежево“, патот пред мостот во селото Лера кој продолжува низводно од мостот кон акумулациониот простор во насока на внатрешната линија на крајбрежниот појас).

Санацијата ќе се врши со сопствена механизација, а во соработка со локалното население и рекреативните риболовци (членови на ЗРСК РИБАР 2011 и членови на ЗРРЕСК Црна Река - 1929 од Битола). ЈП “ Стрежево “ - Битола, апелира на трпеливост и внимателно возење од страна на граѓаните.стрезево

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани