2win800x200

ЈКП "Водовод" Битола како општествено одговорно претпријатие донираше вода на ЈЗУ Здравствен дом д-р Хаим Абраванел Битола, кој го спроведува процесот на вакцинација во Спортската сала во Средното медицинско училиште. 

-ЈКП "Водовод" Битола од почетокот на пандемијата има реализирано повеќе акции за помош и подршка на поединци и установи кои се директно вклучени во борбата со COVID 19 или погодени од истата. ЈКП "Водовод" Битола како во служба на граѓаните така и на целокупниот медицински персонал вклучен во оваа борба, нашите херои во бело!, наведуваат од ЈКП "Водовод".

Јавното претпријатие Водовод ја информира јавноста дека нивни екипи  работат на промена крак на водоводна мрежа на потегот помеѓу улиците Рузвелтова и Никола Тесла.

Екипите на ЈКП "Водовод" Битола го санираа дефектот на улица „Север- југ“ и водоснабдувањето се нормализира. Тие од раните раните утрински часови на температури под нулата работеа на  отстранување на дефектот на профил на цевка F150, на ул "Север- југ " кој се случи синоќа во 23.50 часот. Без водоснабдување беа дел од станбените објекти на ул."Север-југ" и ул."Нико Фундали". Дефектот е остранет и водата е пуштена за употреба.

Во посета на Филтерницата на ЈКП "Водовод" Битола беше директорот на Институтот за стандардизација Џевад Кицара. При посетата беше извршен увид во процесот на производство на вода, а воедно се разговараше и за квалитетот на водата. Двете институции потпишаа меморандум за понатамошна соработка и за членство на ЈКП „Водовод" Битола во Институтот за стандардизација. Директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров рече дека оваа соработка е показател дека ова претпријатие ги следи светските стандарди и прописи за третман на водата и континуирано инвестира во доусовршување на вработените.122471854 830866351018393 1298723995036775003 n

Поради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона и водоводна мрежа до целосно асфалтирање на улицата „Илинденска“ , можни се проблеми во водоснабдувањето на потегот на истата во одредени интервали се до завршувањето на реконструктирањето на улицата, соопштија од ЈКП „Водовод“ од Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани