2win800x200

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола . Истото повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ  поради компликации во склоп на  основните заболувања : Остеохондродисплазија  , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

 Во Битола има активни 384 случаи со ковид -19, со ова по подолго време бројот на заразени падна под 400. До пред помалку од еден месец имаше над шестотини болни со ковид-19. Градот со недели беше на второ место во државата по инфицирани, веднаш по Скопје, а според последните бројки на дневна основа, вечера пред нас беа Прилеп и Кавадраци.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани