2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

98 проценти од хоспиталзиарните заразени со ковид-19 се невакцинирани, покажува анализата на МЗ од 6 август до 16 декември

Декември 17, 2021
Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
 
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид 19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
 
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани