2win800x200

Базенот за хидротерапија во Физикалното одделение на битолската Клиничка болница, денес  повторно е ставен во функција после долги години пауза.

-После многу години и кога  веќе никој немаше надеж дека повтроно ќе проработи, со ангажман на менаџерскиот тим предводен од директорот др. Зоран Лазаров и со поддршка на спонзорите, базенот на Физикалното одделение повтроно е пуштен во употреба. Се надеваме дека добрите услови што им ги нудиме на нашите пациенти многу ќе придонесат за нивна рехабилитација, вели Сузана Коневска, портпарол на КЛиничка болница-Битола. 

Од Клиничката болница изразуваат благодарност до спонзорите: Авто-Мото друштво "Ѓорги Наумов"-Битол, Еурофарм Битола, Еxspecta Medical Skopje,  Велпром -Скопје, Шики Дооел Битола, Septima Skopje, Технобитола ДОО Битола,  Есперанса ДОО Битола,  Оксер ДОЕЛ Битола, Еуродоор ДООЕЛ Битола, како и  до изведувачите : АДМИРАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ,  ЕКСПЕРАНСА ДОО БИТОЛА и  ИНТЕРТРИУМФ ДООЕЛ БИТОЛА
 
57076253 678963275906919 7508799407001698304 n
 
57503777 444970259606655 5211450975516098560 n
 
57437563 825317067804619 8743974139531886592 n
 
57336099 2006437726331126 6510781245159374848 n
 
57331458 381038542745904 5836377019255881728 n
 
57154186 597109567430254 2770081849530122240 n
 
57240599 597685804077886 257210971288764416 n

Пратеничката Јагода Шахпаска при денешната посета на Клиничката болница од Битола рече делка е пријатно изненадена од начинот на кој сегашниот менаџерски тим успева со лимитирани финансиски ресурси да управува со состојбите во битолското здравство.

„Информирана сум дека имаат околу сто вработувања од кои 37 доктори, 13 доктори се испратени на сепцијализација на гранки кои се неопходни за нормално секојдневно функционирање на Клиничката болница. Во интерес на граѓаните преземени се четири приватни специјализации во јавното здравство, примени се нови медицински сестри. Генерално, еден сериозен ангажман што очекуваме дека ќе даде резултат во догледно време во интерес на граѓаните на Битола и на соседните општини имајќи во предвид дека болницата покрива подрачје во кое гравитирата повеќе од 200 000 граѓани“, рече Шахпаска. 

Паркингот во Клиничка болница Битола започна со работа -наплата раководена конечно од страна на Клиниката. Сакаме да ги информираме нашите пациенти корисници дека првите 15 минути од паркирањето се бесплатни , 2 часа -30 денари и секој нареден час се наплатува +30 денари. За секоја загубена паркинг картица се наплатува 500 денари.Во недела влезот е слободен.Во тек е тендер за набавка на автоматска централа за самонаплата со што паркингот ќе работи 24 часа.Сакаме  уште да напоменaме дека во тек е уредување на клиничкиот двор и за многу брзо време ќе се започне со поставување на бехатон плочки, а дел ќе се асфалтира така што  ќе добиеме паркинг и клинички двор како што прилега на Битолската клиника, велат во соопштението од Клиничката болница Битола.

bol 3

bol 4

bol 2

Денот на пролетта беше одбележан и во Клиничката болница во Битола со две големи активности. 

„Фирмата Бис Промет Агро Центар Битола, наши долгогодишни помагатели и соработници донираа 100 садници на ружи како би помогнале за убава глетка на нашите пациенти во нивниот период на хоспитализација. Ова се наши драги пријатели кои во 2018 исто така од нивна страна го покрија системот за наводнување низ целиот двор на болницата. На денешната средба меѓу нашиот менаџерски тим и преставниците на Бис Промет Агро Центар Битола стана збор и за понатамошна соработка. Директорот на Клиничка болница др.Зоран Лазаров од негово име а и од името на сите вработени како и од името на нашите пациенти изрази голема благодарност за успешната соработка со оваа реномирана фирма од нашиот град“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.54416681 340298733499197 9182149748201619456 n

54799024 365674947493200 3884530531748020224 n

-Акцијата „Дај свој придонес- засади дрво“ на тимот на Синпекс ДОО не ја одмина ни Клиничка болница Битола. Во делот на болницата од страната на Онколошкото одделение беа посадени 100 различни садници помогнати од многу работници за хортикултурно уредување во ЈП Комуналец и неуморните од Интерворк од нашиот град. Голема благодарност и до нив- рече Конеска.

54515307 684183375330663 3323793302527934464 n

55552012 1502357366565431 5304965792373145600 n

Експерти од Кралскиот институт од Шведска прават скрининг на објектите на Клиничката болница од Битола со цел изнаоѓање на модерни еколошки решенија за снабдување со енегија.

„По иницијатива на хуманитарната организација ‘Хенд тил хенд’ и големите хуманитарци Марија и Томас Русенгрен од Шведска во рамките на проектот ‘Со хуманитарна рака до чиста енергија’ имаме посета на експертска група од Кралскиот институт од Стокхолм, Шведска, предводена од Нелсон Сомерфелд која прави скрининг на објектите на ЈЗУ Клиничк Болница Битола со цел реализација на проектот модерни еколошки решенија за снабдување со енергија во ЈЗУ Клиничка Болница Битола“, рече портпаролката Сузана Конеска.

52743170 749274655459764 4479114199204626432 n

52469066 2393446154212517 2145660245404286976 n

52605430 323344144979781 477541449248800768 n

52788326 1028349474026927 2496331440220798976 n

52918062 2254145951503805 1011229537079394304 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани