2win800x200

Инфективното одделение во битолската Клиничка болница, познато меѓу битолчани како Заразно, е физички одделена  од главната болнича зграда уште при самата изградба пред половина век. Сега овој објект станува Регионална болница за лекување на пациенти позитивни на КОВИД-19 кои имаат средно тешка и тешка клиничка слика. Од болницата уверува дека нема причина за вознемиреност кај битолчани, затоа што заразените не влегуваат во главната болничка зграда. Се запазуваат сите протоколи, има патека на движење, па овие лица немаат никаков контакт со останатите пациенти.

Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои беа хоспитализирани претходно во болницата во Охрид, по  вчерашниот договор Болницата во Битола да биде регионален центар, практично сите пациенти кои до сега се лекуваа во Охрид се трансферираат во Битола се пациенти од околината на Струга, изјави министерот за здравство Филипле.

Клиничката болница во Битола доби значајна донација во медицинска опрема и материјали која е неопходна за превенција и успешно справување во случај на појава на  коронавирусот од страна на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани