АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница во Битола доби значајна донација во медицинска опрема и материјали која е неопходна за превенција и успешно справување во случај на појава на коронавирусот од страна на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола.
Донирани се:
- заштитни комбинезони за повеќекратна употреба на еден корисник, 100 парчиња;
-заштитни маски со FFP филтер за повеќекратна употреба до еден корисник, 100 парчиња;
-заштитни очила за странична заштита за повеќекратна заштита на еден корисник, 50 парчиња, и
-средство за дезинфекција на површини (високо концентрирано), 15 литри за раствор до 1500 литри.
Директорката на Клиничка Болница Др. Билјана Гагачевска од името на вработените како и од името на граѓаните упатува голема благодарност до компанијата „Кромбер и Шуберт“ и посакува уште поголема соработка со надеж дека со заеднички сили сите ќе излеземе победници против коронавирусот и неговите штетни последици. Донацијата ќе помогне за поефикасно и поефективно делување на медицинскиот персонал во Болницата.