2win800x200

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.

Д-р Билјана Гагачовска, специјалист психијатар, е новиот ве-де директор на ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Гагачовска доаѓа од редот на вработените како раководител на Одделението за ментално здравје на деца и млади при КББ,  и е добро позната на битолската јавност  заради нејзината успешна работа со деца и адолесценти.

И Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка. Денес директорот на ЈЗУ Клиничка болница од Битола Др. Зоран Лазаров и директорот на „Водовод“, Горан Козаров потпишаа договор за взаемна соработка која започнува со реализација уште од овпј понеделник, 11 ноември. Имено околу 50 жени вработени во Водовод ќе направат скрининг на ЕХО и мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.

Ги информираме нашите пациенти дека утре (29.10.2019 год) на самиот влез од ЈЗУ Клиничка Болница -Битола ќе се вршат  завршни градежни активности -асфалтирање и затоа во текот на утрешниот ден  пристапот за влез  ќе биде отежнат. Ги замолуваме граѓаните за разбирање.

ЈЗУ Клиничка Болница Битола се вклучува во одбележувањето на oктомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Заедно со „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола ја отпочнуваат првата кампања под мотото: „Надеж,храброст и сила-заедно спасуваме живот“. Првиот бесплатен  ЕХО скрининг  на дојка започнува во просториите на „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола, каде сите вработени од оваа компанија можат да се јаваат на преглед кај медицинската екипа од Болницата која таму е секој ден овој месец. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани