2win800x200

Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) започна со реализација на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP). Главна цел на проектот е да се подобрат изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените категории на млади од Битола. Процесот ќе трае три години, а ќе содржи обуки за основни животни вештини, обуки за вработливост, кариерно советување и коучинг, курсеви за стручна обука и соработка со локални институции и бизнис секторот.

Во оваа иницијатива ќе бидат вклучени:

u  Младите луѓе на возраст од 16-35 години со тешка семејна историја, социо-економски исклучени семејства (сиромаштија, невработеност, злоупотреба, употреба на дрога, криминал, миграција, болест, етничко малцинство, итн.) и млади од алтернативна грижа.

u  Бизнис секторот кој ќе биде вклучен во програмата со цел да ги развие своите капацитети за работа со млади во ризик.

u  Институциите: ЦСР- Битола и АВРМ- Битола (примарни), средни училишта, факултети, општина Битола...мкц2

Проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP), се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село од Северна Македонија. Финансиран е од три донатори (Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и СОС Детски села интернационал, Фонд Херман-Гмајнер Германија (HGFD)), а се спроведува во пет земји од Западен Балкан од страна на националните здруженија СОС детски села кои соработуваат со локални граѓански организации. Проектот се фокусира врз подобри изгледи за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади лица.мкц

 

Битолчани синоќа имаа можност да чујат ретки податоци за историјата на македонската забавна музика за време на промоцијата на Монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“ на Тошо Филиповски што се одржа во Магазата во рамки на фестивалот„Битола отворен град“, во организација на МКЦ.

Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на кои е забележана музика од македонски автори, музичари, изведувачи и продуценти на околу 480 страници. Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието и на првата „Македонска рок-енциклопедија“

Во Монографијата се сместени податоци за почетоците на поставување на македонската забвана музика на винили. Така, за прв македонски винил се смета „Весела дружина“ во аранжман на Драган Ѓаконовски Шпато и Ритмичкиот оркестар на Радио Телевизија Скопје. Тоа е издание на „Југотон“ за кое се претпоставува дека датира од 1958 година.

Понатаму, прв винил на кој текстот е испишан со кирилица со македонско писмо е од Катица Ѓаконовска. Првата македонска рок плоча е од 1969 година на бендот „Вис Безимени“, а првиот фестивал со забавнби песни поставен кај нас на винил е „Скопје“ 1971 година.

Понатаму, Монографијата содржи винили од Сашка Петковска, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов и многу други македонски музичари кои дадоа белег на македонската музика од педесетите години во минатиот век до денес.винили

винили 4

винили3

Од страна на домашните менаџери во дел од компаниите со странски капитал во земјава се врши голем притисок врз работниците синдикално да не се здружуваат, а голем удел во ова имаат и некои државни трудови инспектори кои не се на ниво на задачата, рече Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната јавна дискусија „Синдикално здружување во приватниот сектор“ во организација на МКЦ-Битола.

САЕМ НА КАРИЕРА 4

 Сакате работа или обезбедено место за стручна пракса? 

Потребни Ви се техники да направите CV или мотивациско писмо или да се подготвите за солиден настап за интервју за работа?

Или пак имате идеја за бизнис, а потребни Ви се дополнителни информации или успешни луѓе кои ќе Ве мотивираат и инспирираат?
Дали сте брзорастечка компанија која сака на полесен начин да се брендира како посакуван работодавец и да најдете нов член на тимот помеѓу учесниците на само еден настан?

Тогаш на 27 ноември (среда) во Фоајето на Центар за култура Битола во 13.00 ч. учествувајте на САЕМ НА КАРИЕРА 4 во организација на Младински културен центар-Битола и Инфо клуб Битола, кои работат на полето на намалување на младинската невработеност, но уште повеќе на намалувањето на младинската миграција од Битола.

 Програмата вклучува:

 -Штандовска презентација на компании кои нудат повеќе од 90 слободни работни места

 -        Интерактивен едукативен корнер: Tips & Tricks за CV, мотивациско писмо и интервју за работа

-        Интерактивен инспиративен корнер за намалување на младинската миграција @sakamdaostanam

 

- Мотивациски говори

         Теодора Николовска – Основачка на маркетинг и консултантската компанија Вруток која работи на 4 континенти со реализирани повеќе од 60 проекти во последните 2 години.

            Тема: When the going gets tough, the tough gets going

        -  Ајлин Шеали, Оперативна Менаџерка, во Пазар3

             Тема: Патот до успехот - Желба за работа, посветеност и упорност

          -  Весна Атанасова – сопственичка на Хелен Дорон центарот во Битола, сопственичка на Образовен центар Атанасова за деца од прво до деветто одделение и Раководителка на филијала за Битола и Прилеп во Хоризонти каде во главно работи на поддршка и поддтикнување на жени микропретприемачи, припадници на социјално исклучени и маргинализирани групи, а со цел поддршка и развој на малите бизниси, креирање нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење.

            Тема: Верувај во себе

          -  Димитар Митревски – еден од основачите на on line платформата Бинтерн. Платформа која ќе ги поврзи студентите со компаниите.

            Тема: Како од студент до претприемач?

Настанот е бесплатен!

За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани