2win800x200

РЕК Битола ја информира јавноста дека пристапи кон исклучување на Блок 2 заради намалување на корисното дејство на истиот, а како последица на пројавената неисправност на групата загревачи за висок притисок (ЗВП). Напоменуваме дека ова исклучување е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој согласно инструкциите на производителите на опремата мораше да биде реализиран пред две години. 

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.

РЕК Битола ја информира јавноста дека изутрината дојде до краткотрајно исклучување на Блок 3 од системот. Причината за исклучувањето e грешка во автоматскиот систем за управување.

Блок 3 повторно беше приклучен во мрежа во 12ч. и во моментов работи работи непречено.

Производството на АД ЕСМ се одвиваше преку Блок 1 и преку другите производни капацитети, соопштуваат од  АД  Електрани на Северна Македонијa, Подружница РЕК Битола.

Завршија формалните преговори на РЕК Битола со Министерството за животна средина на кои се усогласени сите мерки и рокови за комбинатото да добие А интегрираната еколошка дозвола.

По цели 37 години работа за првпат ќе се реконструираат електростатските филтри на блоковите на енергетскиот стожер во земјава, РЕК „Битола“. Загрижува податокот што филтрите на првиот и вториот блок биле градени во периодот од 1979 до 1982 година, на третиот блок во 1986 година, а до денес не претрпиле никаква ревитализација. Дури и кога во 2007 година претходното раководство на Комбинатот ја започнало постапката за добивање на А интегрирана дозвола, иако намалувањето на прашината бил еден од условите, сепак, не се започнало со „освежување“ на филтрите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани