2win800x200

РЕК Битола најавува краткотрајно исклучување на вториот блок

Јуни 20, 2019

РЕК Битола ја информира јавноста дека пристапи кон исклучување на Блок 2 заради намалување на корисното дејство на истиот, а како последица на пројавената неисправност на групата загревачи за висок притисок (ЗВП). Напоменуваме дека ова исклучување е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој согласно инструкциите на производителите на опремата мораше да биде реализиран пред две години. 

-Очекуваме Блок 2 да биде приклучен на мрежа за неколку денови, а планираниот капитален ремонт на оваа постројка предвидено е да започне на 15 август. Краткотрајното исклучување нема да се одрази врз вкупното производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ, а со тоа и на снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите, како и на остварувањето на планираното производство на РЕК Битола за годинава, имајќи во предвид дека заклучно со денес производството е натфрлено за 18 проценти, соопштија од РЕК-Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани