2win800x200

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е објавена на официјалната веб – страна на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16091 .

Информации во врска со Нацрт А - Дозволата за усогласување со оперативен план, заинтересираната јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање (e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Засегнатата јавност, во рок од 14 дена од денот на објавата, има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад на Пресвета Богородица 3, 1000 Скопје.

Објавата на Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е плод на динамични и содржајни преговори помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕК Битола. Оперативниот план содржи редица на мерки и активности кои РЕК Битола се обврзува да ги исполни во даден временски период, со цел производството на електрична енергија да биде во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија. Документот ја потврдува заложбата на АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола, а со тоа и Владата на Република Северна Македонија како сопственик на компанијата, за системски и систематски чекори во борбата за чиста животна средина.

Инаку, апликацијата за добивање на А – Интегрирана еколошка довола, РЕК Битола ја испрати до Министерството за животна средина и просторно планирање во ноември 2007 година.

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на РСМ и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.

Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат после осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот.

            По вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот. Во моментов, електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на “ладна резерва”, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.  

            Во периодот од 01.01.2019 година до 02.12.2019 година, РЕК Битола од планираните 3.025 GWh произведе 3.252 GWh електрична енергиија, односно 108 проценти од планираното. 

Се врши ревизија на сите рударски проекти во РЕК Битола, а бројките треба да покажат која ќе биде иднината на комбинатот, и какви се можностите за транзиција кон други еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

РЕК Битола ја охрабрува политичката партија ВМРО – ДПМНЕ будно да го следи работењето на комбинатот и во иднина. Да ја известува јавноста и за инвестициите во капитални проекти што се во тек или што се планираат во блиска иднина. Производствените и финансиските биланси на РЕК Битола и на АД ЕСМ изминатите две години доволно зборуваат за начинот на работа на комбинатот и компанијата. Тие се заслуга на СИТЕ вработени.

Во меѓувреме, РЕК Битола ќе го санира дефектот заради кој Блок 3 денес е надвор од функција. Ќе ги санира и сите евентуални следни дефекти на различни простројки кои со години наназад биле запоставени и ќе обезбеди стабилно производство на електрична енергија во Република Северна Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани