2win800x200

СДСМ Битола ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Тони Коњановски за непостапување по одлуките на советниците за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија во Битола!

Во исто време, ќе поднесеме претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата против советниците Сашо Никовски и Златко Лозановски од коалицијата предводена од ДПМНЕ!
Законот за локална самоуправа е јасен и дециден! Ако Коњановски смета дека одлуките на советниците не се во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена да донесе решение и да го прати до Советот. Советниците го разгледуваат решението и одлучуваат по него. Ако советот ги потврди одлуките, Коњановски е должен да ги објави во службен гласник на општината и истовремено да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд.
 
Коњановски решение не донесе, туку одлуките ги чува во фиока. Коњановски час побрзо треба да сфати дека градоначалникот ги извршува одлуките што ги носат советниците, а не обратно!
 
Двајцата советници, пак, против кои ќе поднесеме претставки до Антикорупциската комисија гласале за точки на дневен за кои имаат судир на интереси!
 
Советникот Сашо Никовски не можел да гласа за точки кои се однесуваат на Водовод бидејќи таму работи неговата сопруга.
 
Советникот Златко Лозановски не можел да гласа за точки кои се однесуваат на Водовод бидејќи таму од пред неколку месеци е вработен брат му.
 
Според член 44 од Законот за локална самоуправа, член на Советот на може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.
 
Коњановски и ДПМНЕ ја претворија Битола во црна дупка во која не важат закони, туку нивната волја!
 
Ги повикуваме надлежните институции да постапат, да го утврдат и да го санкционираат башибозукот во општината!

 

Интегрален текст од изјавата на Борче Корлевски, советник од СДСМ

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани