2win800x200

Пет битолчанки кои се соочиле со најтешката болест на деншеницата, канцерот, иако со џип, деновиве се искачиле на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.  Сите на возраст од 30 до 60 години, полни со живот и воодушевени од ова доживување, велат дека имало и пешачење, па кога можат тие да се впуштат во ваква авантура, може секој да дојде на 2601 метар,  макар и со џип. Со нас споделуваат и фотографии од  планиснкиот убавец. 

Првиот снег на Пелистер годинава подрани. Пристигна на крајот од септември, што донесе и заладување  во Битола. Ова е вистинско изненадување, со оглед на  тоа што само пред неколку дена имавме летни температури над 30 степени. 

Фотографија од првиот Снешко објави вечерва Петар Нолев, планинарски водич, спасувач и домар во планинарскиот дом на Големо Езеро. 

При денешната посета на НП Пелистер, градоначалничката Наташа Петровска, рече дека за развој на Потпелистерието вложени се 64 милиони денари, а 50 проценти од инвестициите се реализирани.

Издадена е градежна дозвола за реконструкција на дел од  патот кој води кон Националниот парк "Пелистер". Проектната документација се однесува на делницата  од клучката кај Црвени Петли до трафостаницата во селото Трново во вредност од 26 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани