2win800x200

Четири часа траела потрагата на спасувачките тимови по 2 планинарки кои се изгубиле  над планинските патеки кај Нижеполе на Пелистер. Акцијата ја реализрал Центарот за управување со кризи,  во координација со битолската Полиција, Ренџерите од НП „Пелистер“, Горската служба, Дирекцијата за заштита и спасување.

Овие фасцинантни фотографии се направени на Пелистер синоќа и рано утрово, каде група планинари во 22 и 30 часот  тргнаа од  Хотел Молика преку  Копанки до Видиковецот, потоа кон врвовите Стив, Илинден и Пелистер, а од таму до  Мало и Големо Езеро. По оваа патека Иванчо Тошевски и Јасмин Биберовиќ  низ објективот ја доловија убавината на полната месечина, но и изгрејсонцето, кое на Пелистер се вистинко доживување од кое запира здивот. Оваа фотогалерија ја споделуваме со читателите на апла.мк

 

„Граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со големиот број рекреативни локации под Пелистер и брза врска со ски центарот „Стрежево“. Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговори на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на увидот на реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“, кој во наредните денови по техничкиот прием ќе биде пуштен во употреба.

 

Директорот на ХМС Стрежево, Менде Граматковски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, го потпишаа  договорот со кој се одобруваат финансиски средства за изработка на проект за изведба на нов ски центар на Пелистер.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани