2win800x200

Врвот Големо Врвче се наоѓа на 2103 мнв на Баба Планина и е поретко искачуван врв, затоа што не постои маркација од Преспанска страна, освен козји патеки во пониските делови. Теренот не е лесен за искачување поради стрмниот камењар во завршниот дел. Стартна точка е црквата Св. Атанас над село Штрбово на надморска височина од 1112 метри

-Врвот е дел од Баба Планина и зазема централната позиција над Преспанското Езеро, поради што погледот од Големо Врвче кон цел Преспански регион е величествен, вели Иванчо Тошевски, кој до редакцијата на апла.мк ги испрати овие фотографии

И оваа пролет посетителите на Баба Планина имаат можност да ги видат Пелистерските Водопади кои се појавуваат само во овој период од годината од топењето на снегот на Пелистер

- Станува збор за  првата притока на Црвена Река. Секоја година на пролет има промена на карпестиот релјеф и течението на реката е различно. Течението на реката е во усекот помеѓу Врв Стив и Врв Илинден од источната страна на Баба Планина т.е. страната која што гледа кон Нижо Поле. Не постои планинарска патека и единствениот пристап до овие убавини е по самото корито на реката. Најубавите водопади се формираат нешто над 2000мнв, вели Иванчо Тошевски, планинар

 Силно невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град го зафати Потпелистерието поладнево. Наши читатели испраќаат фотографии од Потпелистерско Нижеполе каде се е побелено, но не од снег туку од врнежи од град. Невремето трае повеќе од половина час.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани