2win800x200

Фотографии и видео со првиот снег на Пелистер годинава,   на својот ФБ профил сподели битолчанецот Николче Чкламовски, кој  по 149 пат денеска се искачи со велосипед на Антена. Во намера не го спречи ниту снегот.

 

До крајот на октомври ќе биде готова зип линијата во Пелистер, што е дел од новата туристичка понуда која има за цел да ги зголеми приходите на паркот од туризам, а за сметка на тоа да се намалат оние од дозволена санитарна сеча на дрвја. Зип линијата е дел од прекуграничниот ИПА проект „Авантура преку граница“, во кој за Пелистер се обезбедни 203.000 евра.

 

Веќе се направени адреналински патеки за деца и возрасни кај Инфоцентарот на Пелистер и виа ферата за искачување по карпи кај Јоргов Камен.

AVANTURISTICKA PATEKA

 

„За поставување на зип линијата не беше сечено ни едно дрво. Должината на линијата е 250 метри. Има пешачка патека, на старот се добива опрема, па туристите се движат до локацијата наречена Чемата на Момазот, каде се спутаат по зипот. Висината на сајлата е од 6 до 3 метри во зависнот од тежината на корисникот. Долу ја враќаат опремата и има паркинг каде си го земаат возилото“, вели Оливер Божиновски, одговорен за туристичкиот дел во Националниот парк „Пелистер“.

via ferata1

Ако дозволат временските услови, зип линијата ќе биде пуштена оваа есен. Таа ќе работи во делови од годината кога ќе нема високи на наноси од снег.

„Целта е да ја намалиме сечата на дрвја, а да ја зголемиме туристичката понуда. Тоа ќе значи уште поголема заштита на планината. Сакаме да имаме повеќе соработка со туристи, а помалку сеча, санитетска, тоа е кога се прави проред, а секако е со дозвола од надлежните органи. Сакаме и тоа да се намали , ако влеземе во Европа треба сто проценти да се запре сечата. Ова е еден од начините за тоа и унапредување на животната средина “, рече Божиновски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани