2win800x200

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е во посета на РЕК Битола и оствари средба со раководството на Комбинатот. 

РЕК Битола ја известува јавноста дека успешно завршија ремонтните активности на Блок 3 во рамките на кои се извршени сите планирани зафати. Во текот на денот започнуваат пуштачките операции, по што Блок 3 ќе биде ставен функција и синхронизиран со електро - енергетскиот систем на земјата.

„Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси. РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од РЕК „Битола“.

Во петокот утрото во Рудникот Суводол во РЕК Битола изби пожар на трака за пренос на јаловина (земја), соопштија од АД Елекстрани на Северна Македонија. Во соопштението пишува дека причина за пожарот е пролизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја. Во пожарот изгореа неколку десетици метри трака. Благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден беше пуштен во работа.

„Во сложениот систем на производство во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување на евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Инаку, материјална штета по АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана бидејќи траката е предмет на осигурување.

 Во моментов не бил сакале да прејудицираме, меѓутоа долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од јавашлукот во минатото, за што потврда се производствените резултатите во првите пет месеци од годинава“, стои во соопштението на АД Елекстрани на Северна Македонија. 

Рударството во последните години станува претежно машка професија. Но, дека има девојчиња кои сметаат дека во рудниците има место и за жените, доказ е средношколката Марија Христовска, ученичка во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Таа е единственото девојче во нејзиниот клас. Христовска заедно со останатите шест соученици од насоката за геолошко – рударски техничар обавува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК „Битола“.

РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани