
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поставена е фекална канализација во должина од 577 метри со просечна длабочина од 7,5 метри и атмосферска канализација со должина од 560 метри со просечна длабочина од 2,5 метри при реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Битола, на потегот од спојот со улицата „Васко Карангелевски“ до „Методија Андонов Ченто“.
Како што информира директорот на ЈП „Нискоградба“ Методија Силјановски ова е еден од ретките инфраструктурни случаи во Битола да се копа на толкава длабочина за да се постави канализација бидејќи во овие делови минуваат значајни каналски мрежи. Така канализационата мрежа мораше да минува под Стрежевскиот и под отворениот канал на река Курделес кој ги опфајќа атмосферските води од Брусничко- лавчанска населба 1 и 2.
„За изведба на толку големи длабини потребно е доста време како за ископите, така и за засипување на самите канали со потребно набивање и добивање на потребната збиеност. Кај други улици не сме се соочиле со такви длабочини. Мораше да се помини под каналите и да се добие стабилна подлога за да може потоа да се асфалтираат улиците и во текот на нивната експлоатација да немаме деформации во текот на следните минимум десетина години“, рече Силјановски.
Воедно, во текот на реализацијата имаше и неповолни временските услови, па се пролонгира изведбата.
Со инстраструктурните зафати се доби стабилна подлога, а се наместија и приклучоците за околните згради. Со ова минато стана проблемот што околните жители го имаа со канализацијата.
„Нискоградба со Општина Битола имаше склучено договор за изведба на приклучоците за зградите кои гравитираат кон улица Партизанска. Со изведбата на приклучоците на новопроектираната фекална и атмосферска канализација беа решени долгогодишните проблеми на граѓаните од зградите. Ова место е специфично поради длаболчината затоа имавме проблеми со постоечката фекална и атмосферска канлизација зашто враќаше и затоа се пристапи кон реконструкција и решение на проблемот“, рече Силјановски.
Реконструкцијата на улицата „Партизнаска„ во Битола во должина од 730 метри започна летово. Вкупната инвестиција е 581 000 евра од кои 355 000 евра се од Буџетот на Општина Битола. .
Денес во Битола 13 новозаболени од ковид-19, а 10 излекувани. Новите случаи се на возраст од 23 до 68 години, од кои пет лица даваат податок за контакт со позитивно лице (две лица од фамилијарен контакт и три лица од контакт со веќе регистрирано позитивно лице). Од Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во:
РК Еурофарм Пелистер 2 информира дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни. Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.
Еурофарм Пелистер 2 одигра четири натпревари во Суперлигата, група Б и запиша две победи и два порази.
Активисти на СДММ денеска на плоштадот Магнолија делеа антибактерсики гелови на минувачите, со што го одбележаа Глобалниот ден на миење раце, а претседателката на Комисјата за здравство на СДСМ, Билјана Гагачовска, укажа дека миењето раце во услови на ковид пандемија има особено значење
Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.
