2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Во чест на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кај споменикот Руски крст во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Денови на Ростковски“, која поради актуелната состојба со Ковид-19, годинава трае само еден ден.

Амбасадорот на Руската федерација во земјава Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на конзулатот на оваа земја, како и претставници на регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростовски“, кое воедно е и организатор на настанот, положија свежо цвеќе пред споменикот. Се одржа и панихида во чест на Ростковски. А.А. Ростовски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година.

Зачувувањето на споменот за Ростовски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.

 

Со комедијата „Добре дојдовте во Германија“ вечерва на косото плато под службениот влез во Центарот за култура во Битола почна со работа летното кино. 

„Работевме интензивно последниот период на техничко решение за летно кино и вечерва ја имавме првата проекција. Мало летно кино, на една од најдрагите локации во нашиот објект, на косото плато под службениот влез на Центарот за култура и Малата сала. Баравте кино под илјада ѕвезди во Битола, ние успеавме да ја исполниме желбата на битолчани“, велат од Центарот за култура.

Заради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона мрежа, на улицата „Партизанска“ на потегот над крузниот тек од страна на маркетот Веро во Битола, направен е дефект над водоводната мрежа од страна на ЈП Нискоградба Битола и има прекин во нормалното водоснабдување. Екипите на ЈКП Водовод Битола се на терен и работат на санирање на дефектот и во најкраток можен рок нормализирање на водоснабдувањето, соопштија од Водовод. 

 

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 10 нови случаи на COVID-19:

Издадена е градежна дозвола за реконструкција на дел од  патот кој води кон Националниот парк "Пелистер". Проектната документација се однесува на делницата  од клучката кај Црвени Петли до трафостаницата во селото Трново во вредност од 26 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани