2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

„Засукај ракави“ запеаја тројцата млади момчиња од Ресен Мартин, Кико и Борче членови на бедот „Реприза“ обидувајќи се преку песна да ја подигнат еко свеста кај населението. Во песната изразуваат загриженост дека со нашето однесување секој ден сме метар поблизу до крајот, па порачуваат: „Имај желба, имај верба, имај сила, земи вила и зачисти земја гнила како што некогаш била“. Во рефренот повикаат сите луѓе да се вкучат во активности за поубава животна срединa, па пеат: „Засукај ракави, за чисти градови, за чиста плоштина, на твојата општина“.

На денешен ден, 14 август 2008, во Битола почина Пецо ГУДОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Почина Душко Јанкуловски на 70 години. Во својата животна кариера извршувал повеќе општествено политички функции, бил заменик командант на младинската работна акција Мариово. Беше прв командант на сојузната младинска акција Стрежево 79' и прв директор на младинскиот рекреативен центар во село Нижеполе. До крајот на својот работен век извршуваше повеќе функции од финансиски сектор, беше еден од оснивачите и прв претседател на здружението за доброволно младински ангажирањa Волонтери Пелистер Битола. Беше и стечаен управник на пропадната штедилница ТАТ. 

На денешен ден,14 АВГУСТ 1900, во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, роден е Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани