2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

пишува: д-р Александар Литовски

 

За да не се создава метеж во училиштата при уписите на ученици во прва година, уписните рокови се продолжени за неколку дена, а при подигањето на свидетелствата од основните училишта, на учениците ќе има се даваат и пријави за во средно.  

 

„Уписите на учениците се намерно продолжени во повеќе денови. Пратени се насоки во училиштата, посебно во оние каде бројот на ученици во изминатите години бил поголем од бројот предвиден во конкурсите, тие уписи да траат наместо два четири дена. Резултатите за учениците кои се запишуваат во средните училишта во прва година ќе бидат истакнати после 15 часот во петок за сите средни училишта. Училиштата имаа задача да подготват по азбучен ред по презимињата на учениците списоци на вратите од училиштата, а медиумите да помогнат на локално ниво со објавување за да не се создава метеж во еден ден пред училиштата. Сите четири дена од уписите подеднакво е правото на ученикот да конкурирта. Дали ќе ги достави документите првиот или последниот ден рангирањето ќе се споведува дури во петок по завршување на уписите“, рече заменик министерката за образование Елизабета Наумовска. 

 

Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема  низ улиците во Битола, сега полициските акции  очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози на  територијата на СВР Битола.  Контролите се интензивираа во последните неколку дена, а  битолчани  апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.

Исцрпени се сите потреби Мила Цароцска да продолжи и понтаму и да ја извршува вицепремиерската функција и да покрива ресор економија зашто ситуацијата е очајна, рече Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во петатта изборна единица, на прес конференцијата која  ja одржа веднаш по посетата на Царовска во Офицерскиот дом. 

 

По 2 месеци интензивни градежни активности и набавка на специфична опрема согласно стандардите на СЗО, лабораторијата за молекуларна микробиологија во  Центарот за јавно здравје, од денес започна со пробно тестирање за КОВИД-19.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани