
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.
Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места.
Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.
Извор:УХМР
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 70 м. има во Крушево.
По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.