2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.

Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето, традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.

Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес. Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.

Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само така можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.

Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство. 

Логотипите и буквите Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Битола, ги ставаме на располагање на градовите (локалните самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.



Министерството за транспорт и врски остро реагира и ги демантира наводите на градоначалникот на Битола, Коњановски, дека проектот за реконструкција на локални улици во населба Недопирливи намерно се кочи и дека Министерството за транспорт и врски нема изберено изведувач веќе 4 месеци.

 

"Градоначалникот наместо да ја критикува централната власт и финансиската поддршка што ја добива за реализацијата на капиталните проекти во Битола и да ја меша политиката во инженерската струка, го повикуваме навремено да ги заврши своите преземени обврски.

Да појасниме, според договорот, Општината е должна најпрво да изврши санација на комуналната инфраструктура на овие улици, пред Министерството за транспорт и врски да започне со реконструкција на коловозот и поставување нов асфалт.

Би сакале јасно да потенцираме, до овој момент, до Министерството за транспорт и врски не е пристигната потврда од општина Битола дека градежните активности се комплетно и квалитетно завршени.

Завршувањето на обврските од страна на Општината е услов за Министерството ги започне градежните активности за реконструкција на улиците во населба Недопирливи.

Дополнително, во Министерството за транспорт и врски паралелно и навремено се реализираат повеќе постапки, според пропишаните процедури и би сакале да потенцираме дека веќе е избрана компанија изведувач за реконструкција на овие улици, со која во текот на наредната недела ќе биде потпишан договор.

Владата преку Министерството за транспорт и врски е најголем инвеститор во општина Битола каде се реализираат капитални проекти со кои значително ги подобривме животните услови на Битола и Битолчани и даваме значителен инпут за регионален економски развој", наведуваат од Министерството за транспорт и врски, кое реагира на вчерашната објава на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во која обвини дека МТВ повеќе од 4 месеци не може да избере изведувач за асфалтирање на населбата Недопирливи, што е нивна обврска, а фазите водовод и канализацијата, што согласно договорот се обврска на Општината, објави дека се веќе завршени од страна на јавните претпријатија.

 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани