2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 
Денеска (15.11.2023) во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(37) од Битола.
 
Тој се сомничи дека денеска околу 19.11 часот во Битола на ул.„Булевар Први Мај" користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило ,,сеат" со битолски регистарски таблички .
 
Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 На денешен ден, 15 ноември 1923 година во Долно Агларци, е роден Дојчин Апчевски,  припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, општественик и политичар.

Министерството за образование и ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за едно училиште ,а ќе бидат одземени и во други, каде не е извршена трансформација на работниот однос на наставници кои ги исполнуваат условите, соопшти министерот Јетон Шаќири. Додаде дека станува збор за над 10 просветни работници кои се отпуштени дома, наместо да бидат вработени на неопределно време. Апалираше Општина Битола да го почитува Законот за основно и средно образование и да ја спроведе трансформацијата

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани