2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека се потврди дека Владата и сите политички партии и чинители од проевропскиот фронт ѝ мислат добро на државата, граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ, како што беа и за НАТО.

„Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и тоа проеврпски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. Ова блокирање кое тие долго го заговараат нема причина да се случи“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде едка ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, дека нема идеја за дискусија и поради тоа не води дебата.

„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина само за лични цели, а против подобар и попросперитетн живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – членство во ЕУ“ рече Ковачевски.

18.08.2023 год. МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

22 Попова Шапка,
27 Крушево,
28 Маврови Анови, Лазарополе,
30 Претор, Берово,
31 Охрид,
32 Прилеп,
33 Крива Паланка,
34 Тетово, Битола,
36 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Струмица, Кавадарци,
37 Демир Капија, Велес,
38 Гевгелија.
 
Времето утре: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 
 
 Времето во следните денови: Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.
 
Извор: УХМР

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани