2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Второстепената државна комисија за одлучување на инспекциски надзор ја уважи жалбата на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која таа ја поднесе против решението на државниот инспектор за локална самоуправа за спорната седница прекината на 20 април годинава. Второстепената комисија утврдувајќи одредени неправилности, го пониши решението на инспекторот од 18 мај годинава со кое Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку беше опоменета дека згрешила што ја прекинала 26. седница.

Илиевска побара вонреден инспекциски надзор врз случувањата во Советот, откако на 20 април ја прекина седницата со образложение дека постапила по член 65 од Деловникот за работа и дека по напуштањето на седницата на советниците од СДСМ сакала да направи дополнителни консултации со советничките групи.

Но, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ избраа друг претседавач на седницата и ја продолжија, па беа изгласани завршните сметки на јавните претпријатија од кои дел се со загуби. Седницата продолжи и следната недела, кога локалното мнозинство предвоидено од ВМРО-ДПМНЕ постигна кворум со Левица и ДОМ. По ова се распадна локалното мнозинство предводено од ВМРО- ДПМНЕ во Советот, во кое учествуваше и Поинаку и настана политичка криза.

Илиевска има поднесено жалба уште на едно решение донесено од истиот Инспекторат за локална самоуправа со кое таа и мнозинство советници беа опоменети за неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори во шест јавни претпријатија. Тогаш вонредниот инспекциски надзор беше извршен по барање на градоначалникот Тони Коњановски, откако на први јуни годинава советниците на СДСМ, Поинаку, Левица, ДОМ и ДУИ, кои создадоа своевидно ново мнозинство во Советот, гласаа за разрешување на управувачките тела на Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и КИЦ, кои според завршните сметки покажаа загуби                             

„Иницијативите како Отворен Балкан сметаме дека придонесуваат кон проширување и олеснување на достапноста на низа нови можности за младите. Цениме дека преку истите младите ќе добијат нови образовни, економски и културни привилегии со кои тие ќе се изградат во квалитетни личности кои понатаму ќе дадат ефективен придонес во општеството“ вели Анита Николовска од невладината организација „Младите можат“ за Трн.

Во разговорот за Трн, Николовска истакна дека оваа иницијатива е засилувач на регионалната соработка и поврзаност, а иако примарен фокус е ставен на економскиот раст и развој, иницијативите за организација на регионални младински размени, школи и фестивали претставуваат можност за младите од регионот.

Иницирана за унапредување на економската соработка и подобрување на односите во балканскиот регион, Иницијативата Отворен Балкан привлече внимание со нејзиниот потенцијал да им користи на младите преку границите. Со намалување на трговските бариери и олеснување на прекуграничната размена, оваа иницијатива создава поповрзана и поинклузивна средина за младите да учат, работат и дружат. Бидејќи земјава активно учествува во овој регионален потфат, нашите млади ќе имаат корист од зголемените можности за соработка, културна размена и проширени хоризонти.

Николовска во разговорот за Трн истакна дека нејзината организација, „Младите можат“, активно работи на три програми за подобрување на состојбата на младите во земјава.

„Имаме програма за ментално здравје чија цел е придонесе во градење пред се на свеста кај младите за грижата за своето ментално здравје, негување на позитивен пристап и практикување на ментална хигиена. Програмата се реализира преку два механизми и тоа програма за врсничка едукација за ментално здравје и програма за зајакнување на капацитетите на наставниот кадар и педагошките служби за промовирање на средина која го негува менталното здравје кај учениците“ објасни Николовска.

Таа исто така кажа дека „Младите можат“ имаат и програма за кариерно насочување, чија цел е да им помогне на младите во процесите на избор и градење на кариера како чекор за нивна вработливост и градење на финансиска и функционална независност.

„Повторно и оваа програма се реализира преку два механизми и тоа програма за кариерно насочува преку која се работи на директна поддршка на средношколците во креирање на кариерни планови и програма за зајакнување на капацитетите на наставниот кадар и нивна обука како кариерни советници“ кажа Николовска.

Конечно, тие имаат и програма за волонтеризам и активизам која во себе инкорпорира низа активности насочени кон директна работа на терен, мапирање на проблеми и предизвици, како и поттикнување на младински активизам и градење на вештини и капацитети на младите.

Во Македонија, невладините младински организации играат пресудна улога во зајакнувањето на младите луѓе и во одбраната на нивните каузи. Овие иницијативи обезбедуваат платформа за младите активно да се вклучат во социјални, културни и образовни проекти кои се однесуваат на критичните прашања кои влијаат на нивните животи. Со создавање можности за развој на вештини, обука за лидерство и вклучување на заедницата, овие организации ги негуваат лидерите на утрешниот ден и влеваат чувство на одговорност кај младите во Македонија.

 

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер ги оцени како лажни вести најавите дека некој ќе може да го репреговара договорот кој беше постигнат со Европската унија за отпочнување на преговирите за членство во европското семејство. Со ваквите изнесени јавно ставови на Агелер во емисија на „Канал 5“ паѓаат во вода тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е можно да се постигне нов договор.

„Со одлука на Влада уште од 2021 година е донесена одлука за формирање на Национално советодавно тело. Институциите ги назначија своите претставници додека претставниците на организациите за млади, младинските организации, националните чадор организации треба да се состанат, да свикаат собрание и од редот на нив да ги изберат“ изјави советникот за млади во Владата, Ѓорѓи Тасев во изјава за Трн.

- Пакетот SN Eurohealth овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, и тоа специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки и други здравствени услуги.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани