
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На иницијатива на семејството Фејзула, наследници на сопственикот на поранешното фото и видео студио „Мис“ – Битола, денес во Државниот архив одделение Битола беа предадени архивски материјали од студиото на битолскиот фотограф Џеват Фејзула (3.11.1941 - 16.02.2021), соопштија од Установата
Под мотото "Сите зрачиме на различен начин", основното училиште "Коле Канински" го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беа отворени две простории за деца со атипичен развој и деца со потешкотии.
Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “.
На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за социјална работа – Битола преку излагачот г-а Дуди Јаја – социјална работничка, која ги посочи статистичките податоци со кои располага Центарот за социјални работи Битола, во однос на семејното и други видови на насилство со кои се соочуваат во центарот, Министерството за внатрешни работи – СВР Битола преку излагачот г-а Бети Бошкова – инспекторка за малолетничка деликвенција и семејно насилство, која исто така ги истакна статистичките податоци во однос на пријавите кои ги имаат и даде објаснување како се постапува во однос на кривичниот законик и како претставник од Основен суд – Битола беше судијката Татјана Митревска која во своето излагање ни претстави два случаи за семејно насилство кои ги водела и каква пресуда е донесена за тие случаи.
Присутните на работилницата имаа можност да постават прашања и да отворат дискусија во однос на излагањата на претставниците од институциите.



,,Семејното насилство не е семејна драма, насилството не е жанр. Тоа е аларм, тоа е повик на гласност. Жената која бара помош не го растура семејството. Напротив! Таа е жртвата” – рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната панел дискусија „Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“, како дел од кампањата „Сложувалка“.
Заради изведување на градежни работи на изградба на топловодот, ве известуваме дека почнувајќи од утре, 6 декември 2023 година, товарните возила кои сообраќаат по улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) ќе бидат пренасочени од кружниот тек на Дулие кон улица Индустриска, информираат од ДОЕЛ на АД ЕСМ, Топловод Битола
По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.
Оваа година МКЦ додели
ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на
Ман анд Моунтаин (Man and Mountain LLC) за организација и реализација на десетгодишната иницијатива за заштита на животната средина ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА во рамките на која се реализираат масовните волонтерски акции Генералка Викенд и Сончева Гора.
Во волонтерската акција Генералка Викенд во 2023 година беа вклучени 51 општина и Националниот парк Шар Планина. Исчистени беа вкупно 304 локации. Беа вклучени повеќе од 300 училишта и градинки. Вкупно 15.811 учесници - волонтери придонесоа во волонтерската акција и беа собрани вкупно 252.681 килограми отпад.
Дополнително во акцијата за пошумување Сончева Гора во ноември 2023 година беа засадени 50.000 садници во близина на езерото Младост крај Велес со учество на преку 100 волонтери.
Ман анд маунтаин е главен организатор на овие волонтерски акции со мобилизација на огромен број на волонтери во партнерство со бизнис секторот, државните институции, општините и граѓанскиот сектор.
ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на Проф. д-р Моника Марковска
Во 2023 година, Проф. д-р Моника Марковска има активен волонтерски ангажман како Потпретседател на Советот за женско претприемништво во општина Битола и како Претседател на Ротари клубот Битола Широк сокак. Евидентни се нејзините заложби за организирање на волонтерски настани и хуманитарни акции. Исто така, има ангажмани во различни проекти, организирање и реализација на работилници со млади и лица од ранливи категории од областа на претприемништвото. Таа постојано се залага и за промоција на социјалното претприемништво. Нејзиниот волонтерски ангажман е видлив преку организација на настани на кои се промовираат нови технологии, како што е примерот со виртуелната реалност и дигиталната писменост.





