2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Советот на Општина Битола за првпат прифати на дневен ред да се стават точки со одлуки за разрешување на управните и надзорните одбори на јавни претпријатија кои се во долгови, и тоа по предлог на советник од опозицијата. Методија Илиевски, координаторот на советничката група на СДСМ и колаицијата, кои се во опозиција во Советот, предложи да донест одлуки за разрешување на управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија и тоа, Водовод, Комуналец, Жабени, Паркинзи, Пазари и Културно-информативниот центар кој управува со Офицерскиот дом и Киното „Манаки“. Советниците од локалната власт предводен од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери се спротивствија, но точките ги поддржаа сите останати советници од СДСМ, ДОМ, Поинаку и Левица, со што ја надгласаа локалната власт.

„Се надевам дека денес сите ќе се одважиме да го изгласаме предлогот, да ги разрешиме управните и надзорните партиски одбори за на следната седница управните и надзорните одбори да ги донесеме на Совет составени од партиципиенти кои сите ние ќе ги предложиме. Ова го предлагам само од една причина да ги спасиме јавните претпијатија зашто ве убедувам ако ги оставиме овие одбори и ако продолжат да работат со истиот стил на работа во следната година ќе треба во овие претпријатија да прогласиме стечај или да книжиме уште поголеми загуби“, рече Методија Илиевски од СДСМ.

Ѓорги Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е земен во предвид членот 17 од Законот за јавни претпријатија кој предвидува основачот да ги разреши сите членови на управниот одбор пред истекот на мандатот доколку не даде согласност на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие, за што е дадена согласност.

Но, реагираше претседателката на Советот, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку, која укажа дека тие точки уште не се излезени во службен весник и не се знае дали ќе добијат сопгласност бидејќи во тече жалбена постапка.

Тоа се всушност точките за завршните сметки на јавните претпријатија кои беа изгласани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ на спорната седница на 20 април која Илиевска ја прекина, а овие избраа друг претседавач на седницата.

Ѓогиевски бараше точките воопшто да не бидат ставени на гласање, а Илиевска му возврати „тоа моежете да го сторите кога Вие ќе бидете претседател на Совет“. По ова се состана Комисијата за статут и прописи, но и таму власта беше надгласанна, па точките се ставија на дневен ред, а за нив ќе се дискутира доцна попладнево зашто седницата има 69 точки, а тие се оставени за последни.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Препознатливиот далматински мелос, на 2 јуни во петок во Офицерскиот дом во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска. Настанот е со почеток од 19 часот.  Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на  Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом.

Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Имаат учествувано на многу фестивали, концерти во Хрватска и во странство, настапувале во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, на Хрватскиот музички фестивал во Виена, Австрија, Словенија, Чешка и со задоволство како што ни изјавија, настапуваат на бројни хуманитарни и други културни настани.

Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.

 ХРВАТ

Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин.  Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби. Овие бројки покажуваат дека овој театар и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска. Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали. На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство.

0

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес на прес конференција и со писмена иницијатива, ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска, да започне со работа во интерес на граѓаните кои и ја дале довербата, а со тоа да запрат кочниците и блокадите на општината.

Изјава на градоначалникот Тони Коњановски (видео):

Почитувани граѓани,

Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од Вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината.

За жал, како никогаш досега, имаме ситуација во која, претседателката на Советот, во континуитет, веќе 2 месеци, личните желби и интереси, ги става над потребите на граѓаните. Искажувајќи некакво незадоволство од локалната самоуправа, останува на функцијата за која е платена со пари на битолчани и се обидува да докаже некаква своја правда, дури и кога не само јас како градоначалник, советниците и општинските служби, туку и повисоките државни институции и укажуваат дека постапува погрешно.

Покрај донесеното решение од државниот инспектор за локална самоуправа, претседателката одбива да постапи по истото и да ги стави на дневен ред точките со кои:

-          Пред почетокот на летото кога постои најголема опасност од пожари, ќе се усвои Програмата за работа на ТППЕ Битола

-          Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови, што е директно поврзано и со потребите на бизнис секторот од Битола

-          Измената на Програмата за развојни планови, со што ќе се овозможи уредување на просторот кај поранешен ЈАТ

Блокадите и кочниците всушност  покажуваат дека да се работи ПОИНАКУ, значи да се покажува самоволие,ароганција и фрустрации и сето тоа на штета на сите нас,Битола и битолчани.

Ваквата ситуација мора да се промени.

Затоа, до претседателката на Советот испратив иницијатива за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на наведените точки на дневен ред, меѓу кои е и точката за донесување на одлука за утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на јавни површини.

Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните.

Проектите ќе продолжат, а Битола ќе напредува. Очекувам ова да биде желба и начин на делување и на претседателката на Советот, зошто на тоа јавно се обврзала.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани