
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 27 јули 1927 година, во селото Лавци, Битолско, е родена ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, најмлад народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Со неполни петнаесет години во 1941 г. е активна во илегалното антиокупаторско движење, односно е младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Од крајот на 1941 година во илегалство. Од ноември 1942 година борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Подоцна младински раководител во Баталјонот „Стив Наумов“ и учествува во славниот Февруарски поход. Во време на Пролетната офанзива 1944 година во борбите околу Злетово е ранета. Се бори против бугарско-германските фашистички окупатори и во составот на Третата и Седмата народноослободителна ударна бригада. Член на Главниот одбор на младинската комунистичка организација на Македонија. По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори врши високи општествени и државни функции. Меѓу останатото: иницијатор и организатор на младинската културно-просветна манифестација „Курирче“; пратеник во Народното собрание на Македонија и во Народното собрание на Југославија; член на Обласниот комитет на Младинсклата организација во Битола; член на Централниот комите на Народната младина на Македонија; претседател на секцијата на жените-задругари на Македонија; член на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија и Југославија; член на постојаниот дел на Конференцијата на Сојузот на комунистите на Југославија, а на Десетиот конгрес на СКЈ е избрана за член на Централниот комитет. Носител на „Партизанска споменица 1941“. Прогласена за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година. Почина во Скопје на 17 април 2004 година.
Подготвил: проф. д-р Александар Литовски, историчар
По повод 120 годишнината од Илинденското востание, во организација на Завод и Музеј Битола, в понеделник на 31 јули во 12 часот, во Меморијалниот музеј во село Смилево, ќе биде свечено отворена изложбата ,,120 години Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ".
Автори на изложбата м-р Евгениј Литовски и м-р Филип Талевски, вработени во НУ Завод и музеј Битола.
Почитувани граѓани, иако сите институции, надлежниот инспекторат за локална самоуправа утврди и потврди дека ја зборувавме вистината, кога стануваше збор за незаконско разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на 27 седница на Советот на општина Битола, циркузите не стивнуваат и никако да преовлада разумот и рационалното однесување за доброто на Битола и битолчани.
По извршениот вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за локална самоуправа, а на барање на градоначалникот Тони Коњановски, Инспекторатот донесе решение со кое се изрекува опомена на претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска. Станува збор за втора опомена за незаконско и неделовничко работење на претседателката Илиевска. Оваа, втората, се однесува за утврдените неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на ЈКП Водовод, ЈКП Комуналец, ЈП за изградба и одржување јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен превоз на патници во општина Битола, ЈП Пазари, ЈП ИЗ Жабени и Културно информативниот центар, а се однесуваат на непочитување на одредбите од член 17 - ѓ и член 26 - а од Законот за јавни претпријатија.
Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка на донесеното решение е 15 дена од денот на приемот на решението, а субјектот на инспекциски надзор е должен веднаш по истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, а најдоцна во рок од три дена, писмено или по електронска пошта да го извести Инспекторатот дали е извршена инспекциската мерка.
Почитувани, останува отворено прашањето на совеста и одговорноста на колегите советници од СДС, Поинаку, ДОМ и ДУИ дали и натаму ќе го трошат и узурпираат времето на битолчани и општинската администрација исклучиво со голо политиканство или сериозно ќе се исправат пред обврската, со која ги задолжиле граѓаните, давајќи им ја довербата.
Битола нема време за губење, а евтините политички трикови одамна веќе не врват! Се друго е прашање на личен стајлинг и лична одлука!
