
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во престојните два викенда ќе се одржат турбо културно инјектирање од страна на Центарот за култура во Битоа. Во негова организација за овој викенд, на 24 и 25 февруари планирани се два концерта насловени како „Засекогаш во срцата“, а посеветни на Тоше Проески, за кого ова ќе биде петти јубилеен концерт и на Пепи Бафтировски. Концерите се со почеток од 20 часот. Настапуваат пејачите Бојан Маровиќ од Србија, од македонските музичари Викторија Ловба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска во придружба на Камерниот опркестар од Битола, а диригент ќе биде Владимир Димовски.
Следниот викенд на 3.03.2023 година на програмата на Центарот за култура е музичко-поетска вечер „Наша вечер“ со познатиот српски актер Иван Босиљчиќ, сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ, познат по неговите улоги во филмовите работени по делата на Мир-Јам. Пред битолската публика ќе се престави со поезија и песна, а со него доаѓа и неговиот бенд. Концертот е подготвен со сопствени средства на Центарот за култура, а билетите се веќе во продажба.
„Мило ми е што програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава. Мојот фокус на културната понуда се однесува на тоа да дадема простор што повеќе на македонските уметници , а особено на битолските , па и поголемиот број изведувачи кои ќе настапат на концертот „Засекогаш во срцата“ се битолачни, а некои и млади имиња за кои македонската музичка сцена допрва ќе слуша, а веќе се и ученици во Средното музичко училиште каде што започнал и Тоше Проески“, рече директорката на Центарот Маја Андоновска-Илијевски.
Таа се осврна и на програмата што годинава е поддржана од Министерството за култура, истакнувајќи дека покрај скратениот буџет ресорното министерство им дало добра основа со која можат да работат на креирање сериозна културна понуда за публиката.
Од Министерство за култура за Фестивал на монорама кој годинава ќе се случува од 12 до 20 мај одобрени им се половина милион денари. Селекцијата е веќе направена и се најавува интересна програма. За 9.Детска работилница 70 000 денари, 48 Државана иложба 50 000 денари, Фузија или преземање на изложба од Центраот во Струга 15 000 денари, Монографски каталог по повод 40 години творештво на Дрган Најденовски и ретроспективна изложба 150 000 денари, Сонувајќи ја природата- изложба на Стефан Малбашиќ 45 000 денари, Иложба на Мочи и фотографот Нашоку 100 000 денари.
За објавување на конкурс на македонски монодрами 55 000 денари.
„Сакам да го обновам она што во минатото се случувало и да ги поттикниме македонските автори да создаваат монодрами како жанр. Со овие пари ќе го распишеме конкурсот, а следната година се надевам дека ќе зборуваме и за печатено издание на најдобрите монодрами кои ќе пристигнат“, рече Андоновска- Илијевски.
Во однос на музичката дејност за концертот „Засекогаш во срцата“ добија буџет од 100 000 денари, Новогодишен концерт со Камерниот оркестар 300 000 денари, концерт Џез вес 100 000 денари, Интимна вечер со Крсте Роџевски 150 000 денари, Концерт на филмска муизика со Дувачки оркестар 150 000 денари, 15 издание на Музика од светот 1 000 000 денари.
Во филколрана дејност Фестивалот Илинденски денови 2,2 милиони денари, издавање на носач на звук на кларинетистот Стојан Трајковски 100 000 денари, Семинарот на традиционална музика и песна 150 000 денари и Симфонија концерт на Благојче Трајковски 200 000 денари.
Вкупно од сите проекти 5 470 000 денари.
Од инвестициските проекти добија средства за изолација на клима комори 205 320 денари и клима уреди во Мала сала 200 000 денари.
Во програмата за работа на Општина Битола, за 2023 година предвидени се реконструкции на улици во повеќе рурални населени места.
Општина Битола објави јавен оглас за ангажирање наконсултант и тутори за поддршка на ученици во второ, трето, четврто одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, раководните оргнани и арминистративните работници одлучија сопствени средства да донираат за настраданите од овој земјотрес.
Здружението на пензионери од Битола на својата денешна седница ги усвои извештаите за работа во минатата година, финансовиот извештај како и извештајот на НО.
Претседателката на Извршниот одбор Даница Пеличкова во своето излагање се осврна на сите активности од минатата година во позитивна и оправдана конотација зашто беа и општо прифатени и донесени од сите органи на здружението. Со оглед на економската состојба во државата, на пензионерите со ниски примања им беа доделени ваучери и пакети со прехрамбени артикли. Исто така, хуманитарни донации им беа доделни и на специјализирани организации и лица си посебни потреби. Успешно беше оценета и работата на комисиите што работат при здружението, Секцијата на жени и пејачката група „Сирма Војвода“.
Битолските пензионери, рече Петличкова, имаа и свои забележителни постигнувања на музиучките ревии и спортските регионални и републички натпревари. Поголем број пензионери зедоа учество на пролетните и есенските екскурзии што беа успешно организирани.
Во врска со запишување на пензионерите за добивање на огревни дрва е договорено да се одржи состанок со операторите, односно превозниците, а за тоа утре ќе се расправа и на седницата на Собранието на здружението.