2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 28.04.2023 во 20.50 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода К.Н.(64) од Битола поради тоа што допирал малолетничка по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Денеска (30.04.2023) во периодот од 11.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 157 возачи од кои (32-Битола,51-Прилеп,44-Ресен,14- Демир Хисар,9-Крушево и 7- Македонски Брод. Од вкупно 157 возачи ,79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 
 
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 На Националното првенство во планинско трчање кое се одржа денес на Пелистер, тројца атлетичари од овој трофеен атлетски клуб на пиедесталот.

Јана Стефановска освои 1 место во категорија младинки. Тања Велјановска, повратничката во АК Олимп, освои 3 место во категорија сениорки. Бојан Ѓеровски освои 3 место во категорија сениори.

 

Општина Битола, активно работи на подготовка на потребната документација за велосипедски патеки. Доколку, во предвидениот рок се завршат сите постапки, отпочнувањето на активностите на терен, се очекува оваа градежна сезона.

Во досегашниот период изработен е Основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централното градско подрчје, кој е одобрен од СВР Битола. Во моментот во тек е изработка на Проектна документација за реализација на основен проект за две улици „Васко Карангелевски“ и улица „Партизанска“ – реконструкција на постоечки тротоари, по што ќе следува и обележување на велосипедски патеки, согласно одобрениот сообраќаен проект.

Со предвидените активности оваа градежна сезона ќе се заврши првата фаза од проектот, додека неговата целосна реализација ќе овозможи растеретување на сообраќајот во централното градско јадро, како и непречено движење со велосипед по велосипедски патеки од периферијата до центарот, што претставува долгогодишно барање на битолчани, но и потреба на Битола, соопштија од Општината. 

Саемот на книга во Лајпциг, Германија оваа година се одржува од 27 до 30 април. 

За време на саемот, не се само презентирани 2500 настани поврзани со новитетите за пролетта, туку и бројни нови формати како што се барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“. Фокусот на сите средби оваа година е исто така: отворениот збор за мирен соживот.
2.000 изложувачи од 40 земји од 27. до 30. април ќе го претстават новитетот на пролетта. За враќањето на најголемиот фестивал на читање во Европа, може да се прочита и дискутира за повеќе од 3.200 учесници во 3.000 настани на 300 различни места на саемските терени, како и во градот.
Она што не беше можно за време на пандемијата и е толку важно во моментов во време на криза - живата размена - во Лајпциг интензивно ќе се одржува и слави во текот на следните неколку дена. Постојат бројни начини да уживате во пишаниот и нацртан збор. Во исто време, мноштвото е и место за дискусија, било да е тоа за разновидните форми и теми на литературата, но и за актуелните кризи и начините за излез од нив. И пред сè, Лајпциг нуди една работа: јавна сцена за оние критички гласови кои не смеат да се слушнат во нивните домови.
Оваа година за првпат на саемот и нашата држава има штанд во рамките на проектот на Traduki мрежата заедно со другите земји членки. Штандот е претставен од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со нашиот aвтор Живко Грозданоски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Сè што вреди да се знае можете да најдете овде: www.leipziger-buchmesse.de
 
FB IMG 1682684614350
 
FB IMG 1682684672536
 
FB IMG 1682684689808
 
FB IMG 1682684617243

Да повториме: на училиште, се учи за стекнување на знаења, вештини, способности, развој на интереси, односно, учиме да градиме сложни другарства, да почитуваме и да го разбираме светот околу нас, како и да останеме подобри и паметни личности. Пред сѐ, образовани и писмени. Обврската на воспитно-образовниот просец е поучна и таква треба да остане. Јасно е дека со сила, убавина не бидува, ами само со мерак и волја.

Да се држиме до кодексот на однесување што важи во училиштето. Да не дозволуваме девијатните однесувања да доминираат. Секој може да биде паметен и одговорен, а тоа произлегува од личната совест и свест. Да бидеме пријателски и разумно настроени кон секого, оти само на тој начин, го докажуваме човечкото во нас.

Месец и пол, не дели од крајот на оваа учебна година. Благодарност, што останавме во училиштните клупи (впрочем, како што доликува наставен процес), наместо онлајн пред дигиталните средства за комуницирање. Секоја година, се оди во правец на ставот дека најважно е на школо да ги имаме сите петки, наместо реално да процениме колку детето покажува интерес да работи и соработува, за да стигне до посакуваниот резултат. Тоа се повторува години и години наназад. Најважна е контролата од дома, односно колку родителите посветуваат внимание на нивните најмили, да ги прашаат како им оди наставата, по кои предмети на пример, имаат одредена тешкотија, или пак, по кои предмети без проблем совладуваат материјал. Тоа ретко се случува. Затоа, реагираме за: „подарени“ или народски кажано: „надуени“ оценки, кои нема да им бидат од никаква корист, на тие што треба еден ден да градат работен профил и да бидат вклучени во едно работно опкружување. Нашите навики се традиционални: ги имал ученикот сите петки, а една или две четворки и сега гледаме со разни притисоци, тие да станат петки. Тоа не е во ред и така не треба. Секој, да си ја гледа својата должност и обврска и да не се меша во работата на другиот. Оти, секој знае колку може да постигне и каков капацитет има. И што со тие барања за оценки? Кој на кого му прави штета? Не смее никој, да се меша во работењето на наставникот и во неговото оценување. Оти наставникот покрај предавач и оценувач, тој е втор родител на учениците од воспитен карактер (да советува, да помага, да искара, да покаже прав пат како треба). Или, тоа не е важно? Се разбира, најважно е! Учениците, скоро половина ден се на настава, односно во нивниот втор дом – на училиште. Тие се толку многу интелигентни, надпросечно да кажеме, што самите можат да проценат колкави се нивните постигања на школо. Не е до нив, ами до родителите е, кои бараат оценки. Да се поправиме, и да ги оставиме учениците да постигнуваат онолку, колку што умеат. А ние наставниците, тука сме, за било која потреба. Никогаш не сме се спротивставиле ако треба некаде да помогнеме. Но, за тоа е потребен паметен разговор, да согледаме еднаш каде постои пропуст (ако постои) и да го надоместиме. Најважна е разбраната комуникација: наставник-родител-ученик-наставник, оти така континуирано се следат постигањата на школо. Не, само на родителски, родителите треба почесто да се интересираат, да доаѓаат на училиште и да прашуваат како се нивните деца на школо. Оти, ако учиме само за оценки, тогаш подобро е воопшто да не учиме, можеби така е најлесно, ама последиците се непоправливи.

Концентрацијата на часот е исто така важен предуслов да следиме како нѝ се одвиваат активностите, или што наставникот задал за домашно. Не смеат мислите на час, да бидат „рассеани“, или по социјалните мрежи. Најлесно е да го обвинете наставниот субјект, но размислете и запрашајте се, од морален и учтив карактер, дали е баш така?! Размислете што сѐ им дозволувате на своите деца, и колку привилегии им давате (има и исклучоци, нормално), за тие да „учат“ само за оценки, а не, за реално и квалитетно знаење.

Уште еднаш, им порачувам на сите драги и вредни ученици: за никого не учите, ами за вас, лично. Не значи дека ако вашиот родител е доктор, и вие треба еден ден да бидете доктор (тоа е веќе стереотип). Не се водете од тој принцип, оти желбата треба сама да ве води во животот. Многу сте напредни како генерации... Тие формални бројки кои се најбарани, не се гаранција за успех, никаде нема да послужат (ама за тоа, еден ден можеби ќе се сетите). Давајте го најдоброто од вас, дејствувајте во правец на способностите, верувам дека можете, и ќе повторам: тука сме, сите ние наставници за вас, за ваше добро. Ништо не сме скратиле кај никого и ниту ќе дозволеме такво нешто. Богатството е скриено во секого од нас. Од него започнува секој труд и успех!

Пишува: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани