2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Интегрален текст од изјава на Весна Баковска, претседател на
комисија за образование

Афоризми

„Колку повеќе конци на политичката сцена, толку повеќе марионети.“

„Повеќето од академските граѓани се родени на село.“

„Селото гори – бабата на избори.“

„Бели Мисли и размисли (афоризми)“, Битола, 2000 година.

Хумореска

ФИКТИВЕН ЧОВЕК

Седи така кутриот замислен, ја потпрел главата со левата, небаре е мислителот од Роден, а нема таков роден кој маката ќе му ја сфати. Пати кутриот ли пати. Не знае ни на кои врати да чукне, ни кој пат да го фати.

Мисли кутриот како да не знае во кој ден паѓа понеделник, а да не зборуваме за вторник или среда. Сите денови му станале недели. Му се измешаа и сите датуми. Не знае повеќе ни кога е први, кога се земаат плати, оти сега некои плати земаат и на дваесет и втори, а тој кутриот плата нема земено уште од времето на едноумието.

Стана да се види на огледало, дали е се во ред со него. Гледа во огледалото, а ништо не гледа. Го нема, ништо не останало од него. Тоа или е замаглено, или нему му е смрачено. Дух сум, си вели, или човек. Се штипка за образот, за носот. Сè му е тука, а само тој не е тука. Тука му се само некакви хартии, фиктивни некои договори. Потпишал некој фиктивен список, за фиктивна плата, во некое фиктивно претпријатие, фиктивно регистрирано, со фиктивни документи за работа, а без работни простории, на адреса со улица и број кој знае на кој.

Стои тука кутриот и се мисли. Јаве ли е ова или сон. Чаршафите за спиење да изгледаат повеќе црни отколку бели. Па ова не е можно, нели, во умот самиот си вели.

Седи така на масата, размислува и за храната. Колку би било убаво и таа да е фиктивна. Да јадеш, а ништо ни да пиеш ни да џвакаш. Да бидеш гладен, а сит да се чувствуваш. Сите да мислат дека си среќен и кога си тажен. Да мислат дека си сув, и кога си влажен.

Мисли така кутриот, размислува и се прашува. Итер ли сум или наивен? Вистински човек ли сум или фиктивен од главата до петиците. Барем да не е вистина, си вели, кутриот, дека веќе ме пикаат меѓу штиците.

„Оаза на плачот (хуморески)“, Битола, 2002 година.

 

 

Панде Петровски фото 1

Панде Петровски: Ликовен уметник и педагог, карикатурист и хуморист. Роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.

По избор на  Александар Литовски

Исполнет е заветот на плодниот писател од Битола, Радован П. Цветковски (1931-2022) и целата негова архива и творечки опус е предаден од страна на неговиот внук во Државниот архив - Одделение Битола.

,,Ова е материјал од големо значење за нашиот Архив, што содржи книги, оригинални ракописи и аудио-снимки за културниот живот, народните приказни, преданија и за обичаите на населението во Битола и Демир Хисар и од други помали места, што ќе го средат наши архивисти и ќе се чува во нашето депо”,  изјави раководителот на Државниот архив - Одделение Битола, Гоце Стојановски.
 
331537262 735278581532953 2646174607668473838 n
Радован П. Цветковски е македонски поетраскажувачкнижевен критичарписател за деца и млади и фолклористРоден е во СопотницаДемирхисарско. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија. Исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.[2]

Починал во 2022 година по кратко боледување

331306032 747593623350406 3391255216761193474 n

Исто како и минатата година, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри.

Поводот за овој настан е одбележувањето на Светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21 февруари.

Лиценцирани водичи на ден 19.02 ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи. Во период од околу два часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на овај дел од Европа.

Ќе имате можност да ја слушнете приказната за Офицерскиот Дом, Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр...

Првата тура започнува во 11часот од пред Музејот на град Битола, втората тура започнува во 12 часот од пред Саат Кулата. Водичи на овие бесплатни тури се Горан Пинза и Исидор Балојани.

Ве покануваме на една поинаква неделна дружба и прошетка по Широк Сокак.
Поведете ги и вашите најмлади,ве уверуваме дека убаво ќе си поминат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани