
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Излезе од печат на најновиот научен труд на Центарот за истражување на културата и национализмот (ЦИНИК-Скопје): зборник на научни трудови: „Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“.
Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година.
Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, чии основатели се Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска во соработка со Државното музичко училиште и КИЦ Битола, организираше Музички маратон насловен “"СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА".
На ден 6 ноември 1944 година во борбите за ослободување на Штип загина борецот Димче Лахчански. Димче Лахчански е роден во Битола на 28 јуни 1923 година во имотно семејство, кое потекнува од Лавци заради што и на неговиот гроб првобитно било напишано презимето Лахчански, презиме кое што подоцна го презела целата негова фамилија. Уште како млад се вработил во познатата аптека на А. Чаловски чија ќерка Лилјана Чаловска уште од пред војната била организирана во напредното скоевско движење.
пишува: проф. д-р Александар Литовски
Поп-рок хорот „Битвокс“ беше дел од настанот со кој РЕК-Битола го одбележа јубилејниот 40. роденден. Марина Коруновска заедно со Александра Ристовска и Михајло Трајковски и членовите на поп-рок хорот „Битвокс“ ја затворија свечената церемонија со која беше одбележан 40. роденден на РЕК-Битола пеејќи го најпрво хитот од Каролина Гочева „Ајде да летаме“, а потоа и симболично отпејувајќи ги песните „Чудесен свет“, „Stand by me“ и „Aquarius/Let the sunshine“. Хористите беа облечени во црна, сина и зелена боја, со симболика за јагленот (црна), термоелектраните (сина) и обновливите извори на енергија (зелена).