
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 25.09.2022, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ј.(50) од Битола затоа што претходно во неговиот дом допирал по телото малолетник од Битола и го принудил и тој него да го допира. По целосно документирање на случајот поднесена му е кривична пријава за полов напад врз дете, објави СВР Битола.
На 24.09.2022 во полициска станица при СВР Битола е повикан на службен разговор Ј.Н.(27) од с.Мусинци, битолско, затоа што во 17.40 часот на раскрсницата на ул.„Наум Наумовски Борче" со ул.„Прилепска", од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него бил пронајден пиштол, рамка за пиштол и 13 куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
