2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари Клубот „Битола“ и Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски„- Битола и Здравствен дом- Ресен. Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение односно Ковид центарот во Клиничка болница Битола.

Донација од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари клубовите. Бројните донации за Битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани. Несомнено е дека ваквата практика ќе продолжи понатаму. Основниот мотив за овој тип на донација е подобрување на условите во Битолската болница и унапредување на здравјето на пациентите.

„Здравството претставува еден од клучните столбови на државата. Обезбедувањето подобри услови во болницата со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници се едни од приоритетите во работењето на Ротари заедницата. Со донации во здравствените установи и инвестиции во сите сегменти на здравството, може да се зборува за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за сите граѓани. Но, приоритетот за донации во здравството се наоѓа на врвот на листата и на Македонската амбасада во Виена, Австрија. Заедничката визија да се обезбедат подобри услови за пациентите во Битола и Ресен резултираше со донација на болнички кревети и перници“, велат донаторите. 0

ротари

Од Културниот центар "Иван Михајлов" и официјално  потврдија со покана што ја испратија до медиумите, дека во сабота на 16 април во 14 часот ќе се отвора клубот на ова здружение во центарот на Битола  на улицата "Рузвелтова".

Спомениците на нашите револуционери некогаш се унишени од вандали,   некогаш ги "гризе" забот на времето, а некогаш нашата негрижа. 

 

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Жарко Трајков и Александра Мојсовска, претставници на приватната установа за семејна заштита СОС Детско село, која го спроведува проектот „Унапредување на системски недостатоци -поддршка на реформите во системот за заштита на деца“

По повод престојните верски христијански и муслимански празници на сто пензионери со ниски примања членови на здружението на пензионери ќе им бидат доделени сто пакети со прехрамбени производи. Ова беше одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери во Битола одржана под претседателство на Даница Петличкова.

На седницата беше одлучено од 18 април да започнат со работа Клубовите на пензионери во Битола, Новаци и Буково, а навремено да започнат подготовсите за Регионалната ревија на музика, песни и игри под покровителство на СЗПМ, чиј домаќин на 9 мај ќе биде битолското Здружение на пензионери.

Со подобрување на здравствената состојба се планира наскоро да започнат да се организираат пензионерските пролетните и есенските екскурзии, планирани со програмата, како и средбите со збратимените здруженија пензионери. На седницата се расправаше и за други актиелни прашања од животот на членовите на здружението на пензионери од Битола, Новаци и Могила.

трета55

прва11

в тора22

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани