
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последните три недели се забележува стабилизирање на бројот на заболени лица од ковид-19, а во последната недела значително намалување од 31 процент, пишува во Извештајот на Институтот за јавно здравје за период од 4 до 10 април годинава. Тестирани се вкупно 14.434 материјали со намалување од 3 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31отсто. Процентот на позитивност просечно изнесува 7,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола, Демир Капија и Ресен. Во Битола денес новозаболени 23. Од појавата на пандемијата до денес 15027 позитивни случаи, од кои активни 153.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени над 60 години, а најмал број деца до 9 години Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи особени кај лицата од 50-59 години. .
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 175 реинфекции, со намалување од 36,1% и 10 смртни случаи во 4 градови за 23,1% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (6). И натаму присутни се BA.1 и BA.2 сублиниите на Омикрон.
Заклучно со 10.04.2022, пријавени се вкупно 307.817 случаи со коронавирус. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет во Прилеп, Кавадарци и Охрид, а леталитет во Струга и Крива Паланка .
Регистрирано е намалување на инциденцата во последните две недели во 28 градови, со најголемо намалување во Дојран, Кратово, Демир Хисар, Богданци и Македонски Брод. Зголемување се забележува во Крушево, Пробиштип, Делчево, Свети Николе, Демир Капија, Битола и Ресен, додека состојбата останува непроменета во Македонска Каменица.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка (7,4% помалку), нема пријавено лица на механичка вентилација, а претходна недела беа пријавени пет.
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата, Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.
ЈП „Водовод“ известува дека на ден 13.04.2022 (среда), поради промена на затворач и хидрант на ул."Петар Петровиќ Његош" (улицата на Ѕвончарите) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул. „Булевар 1 Мај" на потегот од зградата на "ЗОИЛ" до ул. "Никола Тесла" и потегот од ул. "Никола Тесла" до крајот на ул. "Петар Петровиќ Његош". Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така, поради замена на на водоводна мрежа на десната страна од горниот дел на улица „Солунска“ , односно од крстосницата со улица „Орде Чопела“ до крстосницата со улица „Тошо Даскало“, наредните денови ќе следи прекин на водоснабдувањето на објектите во тој дел.
На Третиот мастерс од вкупно предвидените седум од Првенството на Македонија во Американски пул билјард се играше 14 1 или во светот позната уште и како straight pool billiard. Турнирот за А дивизија или прва лига се одржа во Гран клуб Скопје на десети април. Се работи за најстарата игра од пул игрите која што како повторно да зема замав и се повеќе добива на популарност. Игра која навидум е лесна, но се работи за многу интересна и игра која бара и стрпливост и итрина и држење фокус на подолг период. Игра со многу замки и каде послабиот играч скоро и да нема шанси.
Како што е познато во А дивизијата битолчани настапија со четворица натпреварувачи од вкупно 16 кои се фиксни за оваа година. Последните четворица испаѓаат, а нашите играчи се во безбедна зона. Илче Трајковски го освои трет пад по ред 5 место исто како и младата битолска надеж Христо Василевски. Најуспешен беше Тино Бојаџиев освојувајќи го второто место и само ја потврдува високата класа која ја покажа на минатиот турнир кога сите почести беа за него. Особено беше фуриозен во полуфиналето кое го заврши скоро без грешка. Со освоените бодови е само 70 бода за водечкиот во Генерален пласман. Судии на сите турнири се битолчаните Горан Петровски Сајкал и Горан Думевски Панчо..