2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Фото панелите поставени врз стариот рудник за јаглен „Осломеј“ во Кичево ќе произведуваат ,,зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, соопштија од ЕСМ.

„Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ“, соопштија од Компанијата.

Во Хераклеја животот не завршил во шести век туку траел до 11 век, рече археологот Енгин Насух за време на презентацијата на резултатите од проектот „Смарт- кул –тур“.

„Тоа е периодот на опстојување на Херраклеја , четврти век стара ера па се до 11 век нова ера. Онаа тероија дека во Хераклеја во 6 век завршува животот веќе не постои. Тоа веќе не важи. Имаме нови сознанија за континиуитет на градот. Со доѓаањето на христијанстсвото театрите престануваат да се употребуваат и доаѓа до едно многу брзо заградување на театарот и градење на нови објекти . Тоа е една станбена целина, која испадна на крај дека е макростанбена, се простира и десно од тетарот кон Католичките гробишта. Се работи за еден поголем дел од градот и во посиромашна фаза на живење кога се објектите од камен и кал“, рече Насух.

  

Професорката од Техничкиот факултет во Битола, Јасмина Буневска Талевска, сообраќаен експерт и советник во  Советот на Општина Битола  од СДСМ, на општинската администарција и на Општина Битола, им подари

1. РАЗВОЕН ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СИГНАЛИЗАЦИЈАТА ЗА ПЕШАЦИ И СМИРУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОПШТИНА БИТОЛА, СО ФОКУС НА УЧИЛИШНИТЕ ЗОНИ и

2. НАЦРТ СЦЕНАРИО ЗА ДОСТАВА НА СТОКИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

„Искрено верувам, дека правилно ќе се искористи овој придонес кон работата на општинската администрација и дека промптно ќе се имплементираат овие решенија, како и дека ќе се уредат јавните површини и ќе се обезбедат подобри услови за домување и пешачење на нашите сограѓани и поголема безбедност за децата“, напиша професорката Буневска на социјалните мрежи.

Таа сподели и видео од нејзиното обраќање на 10-та Седница на Советот на општина Битола (30.3.2022)

Здружението „Ромско јато“ од Битола во Центарот за култура го одбележа Светскиот ден на Ромите 8 април, со културно уметничка програма, поезија, музика но и пригодни обраќња за значењето на овој ден.

received 457825262754141

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани