2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Од битолските цицибани за оваа Априлијада ги издвојуваме димината од група Цветови при градинката „Естреја Овадија Мара“ во Битола. .

Видео снимката за наводна полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи.  Од Хелсиншкиот комитет бараат истрага дали полицијата употребила прекумерна физичка сила ис средства за присилба.

„Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски.

Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Северна Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети.

Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн.

Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници“, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Ученикот Даниел Зхоу Главевски од гимназијата „Јосип Броз Тито“, ќе биде единствениот претставник од општина Битола, кој ќе учествува на Светските школски летни игри, кои ќе се одржат од 14 до 22 Мај во Нормандија, Франција.

Претставници од гимназијата „Јосип Броз Тито“, заедно со ученикот се сретнаа со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и посочија дека со досегашните постигнати резултати на Даниел, за прв пат училиштето има можност да учествува на еден ваков натпревар од светски ранг.

Градоначалникот Коњановски им посака голем успех на престојните Светските школски летни игри и истакна дека Општина Битола преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 година  ќе го поддржи битолскиот средношколец и неговиот ментор со финансиски средства за нивното патување.

Светските школски летни игри се организираат секоја втора година и вклучуваат воспоставена рамнотежа помеѓу спортот и едукацијата, со цел да се зголеми свеста за улогата на спортот во воспоставувањето на фер игра, здрав начин на живот, почит и заедништво.уценик

Од битолската Априлијада ги издвојуваме костимите на паралеката II в од ОУ „Даме Груев“ во Битола, под менторство на наставничката Гордана Јанкуловска. Ученичиња семафори-ем едукативно, ем креативно. Во изработката на костимите учествуваа и наставничката и учениците и родителите. Одличната соработка даде одличен резултат.  277805129 10158454547106674 7022772762278028545 n

277512132 10158454547621674 8487454812258910811 n

На вчерашната прес конференција на Софија Ристевска од  комисијата за култура на ОО на СДСМ Битола, денеска одгвори Васко Мавровски член на комисија за култура ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. интегрално ја пренсуваме неговата изјава

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани