2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Нашата битолска атлетичарка Јана Стефановска, членка на АК „Олимт“ е победничка на 5К трката на овогодинешното издание на „Охрид ТрчаТ“ - со резултат 21:18. На една исклучително напорна патека за постигнување на врвен резултат, ова е феноменален успех на нашата Јана.

Tренерот Демир Даутовски во неа гледаше успешна атлетичарка од првите денови на нејзините тренинзи. На денешната трка, учество зедоа и други битолски атлетичари Наталија Чона, Стефанија Лазарева и Христијан Котевски кои исто така имаа одлични пласмани. 

283600565 1420678968405709 8812430583984167499 n

Сите вработени во АД ЕСМ, во сите подружници низ целата држава, учествуваа во големата еколошка акција за уредување, зазеленување и чистење на околината по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

“Сите наши вработени ги чистат просторите и локациите околу нашите производствени капацитети, околу акумулациите, термоелектраните, а некои и урбаните средини каде што работат и функционираат. Светскиот ден за заштита на животната средина на Обединетите нации годинава е под мотото “Само една планета Земја” и тoа e порака до сите нас, не само како компании и фирми, туку и како луѓе, да ја чуваме нашата животна средина.

АД ЕСМ како најголем производител на електрична енергија во нашата држава ја поддржува т.н. зелена транзиција и се стреми кон побрзо преминување кон производство на зелена енергија, односно производство на енергија од сонце, вода и ветер. Обврска на сите нас е да ја зачуваме животната средина денес, но исто така нашата планета да ја оставиме чиста и за нашите идни генерации”, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ зедоа учество во еколошката акција во Подружницата РЕК Битола, каде вработените чистеа во кругот на комбинатот. Вработените во Дирекцијата на АД ЕСМ во Скопје го разубавија просторот пред зградата на компанијата во Скопје и во Паркот Жена борец. Вработените во ХЕС Црн Дрим чистеа околу дирекцијата во Струга и по крајбрежјето на Дебарското езеро, во близина на хидроцентралите Шпилје и Глобочица. Вработените во ХЕС Тиквеш чистеа долж патот од село Возарци до ХЕС Тиквеш, а во РЕК Осломеј се чистеше во кругот на термоелектраната. Во ХЕС Маврово се чистеше во и околу дирекцијата во Гостивар и на браната Маврово. Вработените во ХЕС Треска го собираа сметот околу видиковецот на ХЕ Козјак, а просторот се уредуваше и во подружницата Енергетика.

0

нова

Опожарувањето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, но ќе биде доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и говор на омраза, рече министерката за надворшени работи Теодора Генчовска при денешната посета на опожарениот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Таа изрази надеж дека македонските служби ќе спроведат брза истрага и ќе го фатат сторителот.

„„Како што ме увери началникот на Битолската полиција преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот“, додаде министерката.

Генчовска рече дека ова никогаш не би можело да биде провокација од бугарска страна, но дека името на клубот нема да се менува, туку и понатаму ќе остане да се нарекува Ванчо Михајлов.

Пожарот беше подметнат утрово в очи работната посета на Генчовска на Македонија на покана на министерот Бујар Османи, со цел решавање на отворените билатерални прашања.

„ Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме . Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече Генчовска.

Дали ќе го дигнат ветото во јуни рече дека зависи од Македонија и европските партнери.

Денес претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и МНР го осудија палењето на центарот. Ковачевски рече дека „во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“.

Клубот беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врв.

285258118 712454689975637 981999794778265642 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани