2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Два значајни сосотаноци за работата и животот на членовите се одржаа изминатите два дена во Здружението на пензионери во Битола

Починатото 17 годишно девојче од Демир Хисар било ученичка во трета година во средното Медицинско училиште во Битола. Од училиштето за Апла.мк соопштија дека досега имаа само уште двајца ученици кои се позитивни на ковид-19  и се во изолација што е мала бројка со оглед на тоа дека во четирите години настава посетуваат 818 ученици. Болни од коронавирус се и двајца професори, од кои едниот е на боледување, а другиот држи настава онлајн. 

Со овој мнипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања

Неуморниот борец, битолчанката Ани Митревска, која во два навратија се избори со канцерот, за жал по трет пат се соочи со злокобната болест. Дијагностицирано ѝ е Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.

Сега и треба наша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое изнесува 1000 евра месечно за таблети кои не се достапни во Македонија и мора да ги порача од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје – Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.
 
Ани, нејзините родители, и нејзините пријатели, Ве замолуваат да донирате колку сте во можност. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишнита девојка.
Доколку сакате да донирате онлајн ова е линкот:
 
 
За донации на трансакциска сметка:
210-5016743410-08
Андријана Митревска
НЛБ банка

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани