2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Го честитам големиот празник 77 -години од ослободувањето на Битола, посакувам добро здравје до сите мои сограѓани, посакувам поубава и посреќна Битола, заеднички да изградиме еден убав дом за сите нас. Да ја вратиме насмевката и довербата меѓу луѓето. Да си подадеме рака, тоа е она што искрено го посакувам, рече градоначалникот Тони Коњановски во честитката за 4 Ноември.  

Запрашан како се чувствува во реставрираниот Офицерски дом рече убаво и дека местото му ги враќа спомените од дестството кога со армоникашкиот оркестар „Стив Наумов“ учествувал на некоја манифестација. 

„Секако на Домот мора се даде добра намена, да продолжи да опстојува на добробит на сите и ќе ја продолжиме заштитата“, рече Коњановски. 

 Тој заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник Пеце Милевски присуствуваа на одбележувањето на 4 Ноември. 

 

 

За првпат после многу години, гудачкиот квартетот „Вива Стрингс“  имаше ексклузивна можност вечерва да настапи т во  концертната сала  во возобновениот Офицерски дом во Битола со најдобра акустика кај нас и пошироко. Ова ги врати сеќавањата на многумина вечерва за  концертите,  фестивалите  и другите музички збиднувања во оваа исклучителна сала во минатото. Пренесуваме дел од амбинетот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани