2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со 39 идексни поени Северна Македонија е рангирана на 87 место од 180 држави, на најновата листа на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата (ИПК). И покрај напредокот, состојбата е далеку од совршена. Претседателката на Транспаренси интеренешнл, Слаѓана Тасева  вели дека треба уште многу да се работи за надминување на долгогодишниот проблем со корупцијата. Како најнеопходна и најитна ја посочува судската реформа, затоа што во тој дел – во тие индекси, сè уште не покажуваме напредок

Генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ, на 19 јануари присуствувал на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското Езеро, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици. Но, тој ден Зечевиќ немал симптоми и воопшто не бил тестиран. ПЦР тест направил на 20 јануари и резултатот бил позитивен. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, доктор Ирина Сотирова Бухова, изјави дека Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари, напоменувајќи дека според Законот, самоизолацијата следува од моментот на тестирањето

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор

Стратешката рамка, законите и имплементацијата се трите клучни столба за реформите во правосудството, пред сѐ, на судството и обвинителството, од аспект на евроинтеграциските промени. Додека кај првите два столба има релативно задоволителна оценка, имплементацијата на реформите во правосудството е елементoт на кој му е потребна реформска „бустер“доза, во сите области. Сите показатели укажуваат дека оваа „бустер“ доза треба да биде, пред сѐ, финансиска, т.е. повеќе пари од буџетот заради спроведување на реформите, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“

ВЕТУВАЊЕ: Во првите 82 дена за граѓаните ќе биде воведена 24 часовна канцелариска служба и служба за брза реакција на нивен повик. Следно е отворање на телефонска линија за барања и помош на граѓаните. 

Децата со церебрална парализа во Охрид  во потполна изолација. Немаат дневен центар за згрижување, нега и анимација. Родителите се жалат, велат нивните деца се диксриминирни и исклучени од општеството

Со систематизацијата на судската мрежа за судиите во сите степени на судовите и за сите видови судови се предвидени 636 судиски места, а пополнети се 493 места, но и со оваа бројка сме лидери во Европа. Со 34 судови сме први и според бројот на судови, но правда никако да добиеме

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани