2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека американската авиокомпанија „Southwest Airlines“ почнала да ги откажува летовите, наводно, поради револтот на контролорите на летови кои се побуниле против задолжителна вакцинација.

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани

Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за  приоритетна вакцинација на трудници

Мултиплекс панел тестот во исто време детектира специфични генски секвенци за докажување на присуство на коронавирус и специфични генски секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца. Во приватните лаборатории овој панел не е никаква новина, постои речиси една година и чини околу 4 илјади денари. На Клиниката за пулмологија веќе четири години постои мултиплекс ријал тајм ПЦР панел, со кој може со еден брис да се детектираат 33 патогени микроорганизми, партиципација за него е 2.300 денари. Но, се тестира само во случај ако клиничка слика е многу слична, односно таму каде, на пример, има клиничка слика со температура, респираторни симптоми и не се знае дали е ковид, дали е грип, дали е аденовирус. „Вистиномер“ се обрати до Министерството за здравство со прашање дали се размислува да се набават такви брзи тестови за детекција и на грип и на ковид истовремено, но не добивме одговор. Нашата проверка во аптеките покажа дека во земјава не се достапни брзи тестови кои истовремено дететектираат и грип и ковид

Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета

Заврши целосната реконструкција на објектот на урбаната заедница „Кочо Десано“, како дел од програмата на градоначалничката Наташа Петровска и локалната самоуправа за функционални месни и урбани заедници.

Дел од локалното население кое го користи објектот, ја поканија градоначалничката Петровска со цел да и се заблагодарат што им овозможи катче за рекреација, забава и разонода не само на повозрасната генерација, туку и на нивните деца и внуци.

„Ниту еден градоначалник до сега не дошол овде, не ги ислушал нашите проблеми и желби, а не пак, да ги реализира. Вие нè слушнавте и ја реконструиравте оваа месна заедница. Сега можеме да ја користиме за средби, игри, ама во исто време да бидеме и со нашите внучиња“, истакнаа жителите.

Во објектот на урбаната заедница „Кочо Десано“ комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, како и електричната инсталација. Се изврши поправка на сите оштетени делови на објектот, комплетна промена на дограмата и уредување на фасадата.  Вредноста на реконструкцијата на објектот изнесува 928.000 денари.

По реконструкцијата на објектот, следуваше комплетно партерно уредување на просторот, кое опфаќа нов бетонски потпорен ѕид, надграден со метална ограда со различна висина. Теренот за кошарка е обложен со пластифициран под, а се обновија и кошевите, поставени се клупи, табли за шах. Делот наменет за најмладите е овозможен по претходна дислокација на два бесправни објекти, по што се изврши поплочување со гумени плочи и реновирање на детските реквизити. Се изврши партерно уредување на влезот со бехатон плочи и странично уредување со бехатон плочки. Поставена е рампа за инвалидизирани лица, кои исто така се добредојдени во објектот.  Зафатот во партерното уредување чини 1.152.289 денари.0

Пред првото, училиштно тримесечие, обично се прават: тестови, писмени, испрашувања, затоа што учениците треба да добијат оценка за постигнатиот успех во изминатиов период. Период на проверка на наученото. Секој наставник знае, колку и како постигнал знаења неговиот ученик. Се разбира, тоа е период на многу активности во текот на целата учебна година, кои се следат и бележат во евиденциониот дневник на наставникот што е доказ, за предложената и напишаната оценка од наставникот. И секој ученик, добива можност да поправи, доколку се случи да не е задоволен од резултатот кој го добил. Но што е поважно? Оценката, или трајното знаење? Секако, трајното знаење. Оценката е само формална бројка на која не треба да се потпира ниту еден ученик. Знаеме дека единицата е лоша, а петката најпосакувана. Акцент, не се става на бројчаната оценка, туку на нешто поважно од неа - на знаењето!

Изминативе неколку години, оценката предничи, а знаењето?

Токму така, некако толку многу се придава важност и „големина“ на оценката, отколку на она правото, вистинско знаење, во секоја смисла на зборот. „Што ќе добијам?“ „Не ми пиша тоа и тоа“, наместо: Што научив? Многу погрешно! И тоа, некако се случува во континуитет. Не сакам да звучам парадоксално, но, зошто се оди на училиште? Одговорот е многу јасен и познат. Верувам и очигледно е, дека сега е друго време, технолошки напредно време, дури познато е, дека имаме специфични генерации на ученици, но сепак, мора да се издвојат и исклучоците кои уште од дома, тргнуваат со континуирано учење, повторување, начини на однесување, итн. и секако, нема да имаат никакви проблеми и забелешки, ниту со наставата, ниту со наставниците, ниту со околниот свет кој ги опкружува. Ги изделувам, бидејќи навистина се во многу мал, редок број. Кај тие деца, навиката за учење еднаш е стекната и ќе трае целиот живот. Не е придобивка да се учи напамет, ниту пак да се спуштаат од интернет, еве на пример, готови прераскажани лектири, и сл. (Каде е она реално читање на книга?) Толку ли, паметните уреди и социјалните мрежи, ја заменија книгата? – Штета! Штета, непоправлива, која остава и ќе остави трајни последици. Мислам дека е време, да се врати учењето и истражувањето од книгите. Не е касно, потребна е само силна волја. Наместо напамет, со разбирање и критичко размислување да се стекнуваат знаења и вештини, кои понатаму полесно ќе се надоградуваат и ќе може во пракса, успешно да се применуваат. Тоа е паметно и одговорно. Така треба да изгледа. Тука, се разбира, најголемо влијание на своите деца, имаат родителите (со ретки исклучоци), кои никако, не смеат да се мешаат во работењето и во одлуките на наставниците, за тоа како ќе ги оценат нивните деца. Тие, треба да си ја гледаат својата работа, и да им дозволат на своите деца да мислат со своја глава, односно, да ги натераат и кога ќе згрешат, самостојно да се поправат. Така, ќе имаме многу подруга и пореална слика во воспитно-образовниот систем. Таа промена тешко оди, но никогаш не е касно да се започне од некој почеток кој ќе се движи во вистинската насока. Со таа промена, се гради: поглед на свет! ДА, за реално стекнато знаење, НЕ, за врски и претерувања. Таа лекција, нека се научи еднаш!

Училиштето е свет храм, а не, играорна

Ред, принципи и кодекси на однесување и почитување, треба да постојат како во училиштната, така и во секоја друга работна организација (без разлика, дали се работи за државен, или за приватен сектор). Во таков среден и координиран систем, очекуван е секој напредок и просперитет. Интеракцијата, а паралелно со неа и социјализацијата: наставник-ученик, е незаменлива и се разбира дека се одвива во училница, исто како што разликата: онлајн/физичко присуство е голема. Но тоа, го видовме и насетивме во сите можни облици на одвивање. Столбот на писменоста во една држава е образованието. Без него, не би имале писмена нација. Училиштето е свет храм кое дава многу животни поуки и мудрости, тоа е извор на умеењата, интересите, етичките вредности во животот. Непроценливо искуство, кое постојано извира како вруток, и од кое може многу да се очекува. Наше е, да знаеме правилно да го искористеме. Училиштето, во никој случај не смее да наликува на: „играорна“. Се знае, кои се „главните играчи“ во школската средина, јасно е, кој стои пред тој млад и убав свет и сака од ученичињата, да направи прави ученици. Во таа суштинска врска, никој не смее да се меша, односно да создава неред и притисок. Во дамнешно време, многу дамнешно, петката беше незамислива, а денес? Денес, толку бурно се реагира за неа, крајно неконтролирано. Но, искрено, би сакал секој да размисли, и ученикот, и родителот, и колегата/колешката, кога се бара „надуена“ оценка, дали со тоа се прави добро на личноста на ученикот? Одговорот, нека биде и остане, еве со јазикот на стилистиката: реторско прашање. На крај, како наставник кој бескрајно ја сака и почитува својата професија, а со неа и сите во училиштната средина, посебно, најмилите, се знае, сакам да порачам: Учете за знаење, а не за подарени оценки! Добробитот и придобивката од првата цел, Ве градат во личности со интегритет и авторитет. Со втората цел, не се доловува правата суштина, ами се оди во незнаен правец. Наше е, да одбереме која цел сакаме да ја постигнеме! Играорната, се учи низ игри, училиштето се учи низ книги. Ако во тоа успееме, реформите ќе бележат раст и развој.

Ученици: Ви посакувам успешни резултати на првото тримесечие. Еве го, пред нас, уште некоја недела. Верувам во вашата интелигенција и посакувам паметно да ја користите. Поздрав до моите и до сите останати ученици!

Колешки и колеги, Вам, исто така, успешно низ маската и издржливоста во училница. Можеме, дури и повеќе отколку што мислиме гледајќи ја таа љубов и радост, пред која неуморно стоиме. Нашата мисија е одговорна и треба да ја браниме и успешно да ја продолжеме. Срдечен поздрав!

Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани